Актуелности

Заврши обуката за ново издание (2017) на ФИДИК договори

На 25 и 26 февруари се одржа дводневна обука за новините и примената на новите ФИДИК договори. Предавачот Часлав Дунович од Техничкиот факултет во Загреб и експерт со долгогодишно искуство во работа со ФИДИК договори, низ практични примери и на пластичен начин им ја разработи содржината на обуката. Учесниците (во голем број од градежни компании, адвокатски друштва, но и претставници на јавниот сектор) детално се запознаа со правната рамка на договорите, Црвената и Жолта книга како модели на ФИДИК договори, со начините на решавање на спорови како важен елемент и пред се' со измените и дополнувањата во ФИДИК договорите - разлика FIDIC 2017- FIDIC 1999.