Актуелности

Голем интерес за обуката за Новиот Закон за јавни набавки

На 1 март се организираше обука за Новиот Закон за јавни набавки, на која учесниците во голем број (од договорни органи и економски оператори) се запознаа со новините во законот, обврските и одговорности кои ќе ги имаат учесниците во постапката, најзначајните новини во системот за јавни набавки, кој е критериумот за избор на најповолна понуда и сл.