Актуелности

10 вештини на современите дигитални маркетери

#1: Пишување и Copywriting

Првото нешто што маркетерите треба да го научат е како да пишуваат јасно и убедливо.

Јасната комуникација е важна за да можете да ги објасните вашите идеи и концепти на програмерите, дизајнерите и другите членови на тимот.

Овие вештини се исто така важни за пишување блог постови и содржина за на веб сајт, обврски кои сѐ повеќе се бараат од дигиталните маркетери. Токму поради тоа е важно да се познаваат основните правила за пишување, за да знаете како да пишувате убедливо и како да ги насочите луѓето да ги преземат акциите што ги сакате.

#2: WordPress

Познавањето на Microsoft Word, Excel и PowerPoint веќе е стандард за речиси било која професија.

WordPress е новиот Microsoft Word кога станува збор за релевантни вештини за дигитални маркетери. Не само што треба да знаете како да напишете одреден текст во Word, но исто така треба да знаете како да го прикачите во WordPress.

#3: Обработка на фотографии

Вештините за уредување на фотографии треба да ги совлада секој дигитален маркетер. Тоа значи дека Photoshop не е само алатка за дизајнери - тоа е нешто што секој студент на маркетинг треба да го научи како успешно да го работи, не за да дизајнира веб страници, но да биде самостоен при изготвувањето на одредени креативни решенија.

#4: HTML (Hyper Text Markup Language)

HTML е уште една вештина што дигиталните маркетери треба да ја поседуваат доколку сакаат да објавуваат на блог или веб сајт бидејќи треба да го знаете HTML доволно добро за да форматирате соопштение за блог или веб сајт.

Повторно, не се очекува дигиталните маркетери да кодираат веб сајт, но тие треба да ги знаат основите на HTML за да можат да ја променат бојата на линкот кога е потребно или да ја променат големината на фотографијата или видеото за да се вклопат во рамката на блогот.

#5: MailChimp (софтверска платформа за е-маил маркетинг)

Познавањето на MailChimp (или други алатки за управување со е-пошта како Constant Contact и GetResponse) е уште една важна вештина за дигиталните маркетери. Причината е што повеќето бизниси користат некој вид софтвер за управување со е-пошта. Без разлика дали станува збор за MailChimp, InfusionSoft или Aweber, голем дел од компаниите градат и одржуваат листи на е-пошта преку надворешна софтверска платформа.

#6: Google AdWords

AdWords рекламирањето го олеснува пристапот до потрошувачите. AdWords овозможува секој, без разлика на буџет, да се рекламира и да се појави на места каде нема потреба органски да биде рангиран. Зошто е важно дигиталниот маркетер да ја користи оваа платформа на рекламирање? Google, се обидува да биде една од најголемите огласувачки платформи заради една едноставна работа ..... STATE-OF-THE-ART USER EXPERIENCE. Ова е еден од основните принципи на Google и екстремно важно во креирањето на вашите AdWords кампањи. Вашите реклами треба да бидат релевантни и специфични, со цел потрошувачите да го најдат токму тоа што го бараат.

#7: Facebook рекламирање

Следната важна вештина е дигиталниот маркетер да научи како креира Фејсбук реклами и како ефикасно да го искористи маркетингот на социјалните медиуми.

За социјалните мрежи и нивната важност при рекламирањето не треба да се говори многу. Рекламите на Фејсбук се важни затоа што тие се одличен начин за генерирање на активност и посети од страна на потрошувачите, слично како Google AdWords. Опциите за таргетирање се супер моќни, а креативноста може да  обезбеди поголема изложеност на брендот споредба со AdWords. Но, мора да се има предвид дека потребно е време за да се научат основите на рекламирањето на Фејсбук, но и постојано да се биде во тек со сите новини и измени во платформата на секојдневна основа.

#8: Маркетинг на социјални медиуми

Маркетингот на социјалните медиуми е различен од платеното Фејсбук рекламирање. Наместо да плаќате за рекламата да се прикаже на релевантната целна група, може, да ги вклучите клиентите и потенцијалните клиенти во вашите активности, да споделуваат содржина и да влегуваат во интеракција со други луѓе од целниот пазар.

Ова значи дека учењето како да управува со Фејсбук фан страната и како да ја води корисничката сметка на Твитер се вредни вештини кои секој дигитален маркетер треба да ги поседува.

#9: Search Engine Optimization

Познавање на основите на оптимизација на интернет пребарувачи (SEO) е уште една важна вештина за дигиталните маркетери.

Не секој маркетер се очекува да стане експерт за SEO, но важно е да разбира како функционира и како може да и биде од корист на компанијата, преку користење на тагови во насловите, мета таговите, клучни зборови и се она што влијаe на органскиот приказ на веб сајтот на компанијата на ранг-листата на пребарувачите.

#10: Conversion Rate Optimization

Последно, но секако не и најмалку важно, е разбирање на основите на Conversion Rate Optimization (CRO).

Во случај да не сте запознаени, CRO  е уметноста и науката за тестирање на различни верзии на страница или страници, за да видите која верзија повеќе ги убедува луѓето да преземат дејство што вие сакате да го направат. Во суштина, креирате две верзии за една страница, а потоа вршите  A / B тестирање за да видите која верзија е најефикасна.

Ова значи дека дигиталниот маркетер треба да ги разбира клиентите, но и основните принципи на веб дизајн, корисничко искуство и copywriting. Покрај тоа, исто така, треба да знae како да спроведе истражување преку разни алатки како што се анкети, тестови и интервјуа.

Ова можеби е и најважната вештина која треба да ја поседуваат дигиталните маркетери.

Не случајно Институт КОНЦЕПТ креираше Академија за дигитален маркетер, чии модули ги опфаќаат во основа овие 10 вештини, но проширени и за други клучни знаења и вештини кои на сите учесници ќе им овозможат конкурентска предност во нивната работа.

Повеќе за Академијата прочитајте тука.