Актуелности

Зошто паметните луѓе не се секогаш и успешни? Затоа што забораваат на овие 10 едноставни вистини

Без разлика дали имате коефициент на интелигенција на гениј или докторат по квантна физика, не можете да напредувате без да дејствувате.
 
Паметните луѓе честопати не успеваат да напредуваат со посакувано темпо или пак воопшто, затоа што забораваат на некои едноставни вистини кои го условуваат напредокот:
 
1. Образованието и интелигенцијата не вредат ништо, ако нема акција
 
Без разлика дали имате коефициент на интелигенција на гениј или докторат по квантна физика, не можете да напредувате без да дејствувате. Постои голема разлика помеѓу познавањето на теорија и практиката. Знаењето и интелигенцијата се бескорисни без акција. 
 
2. Среќата и успехот се две различни работи
 
Многу успешни луѓе често се чувствуваат изморени и осамени, односно немаат "време за себе".
"Што ќе не направи среќни?" и "Како да станеме успешни" се двете најважни прашања. Но, тие се сосема различни.
 
3. Секој управува со својот бизнис
 
Не е важно каде работите, секогаш работите за едно лице - себе. Прашањето е: Што продавате и на кого? Дури и кога имате добро платена работа во голема компанија, сѐ уште управувате со својот бизнис. Го продавате вашето време на живот за одредена цена (плата) на некој (вашиот претпоставен).
 
4. Премногу избори ја намалуваат моќта на донесување одлуки
 
Во 21 век, информациите патуваат со “брзина на светлината“. Имаме многу избори за обликување на животот и кариерата. Но, мноштвото на избори, за жал, честопати доведуваат до неодлучност, збунетост и инерција.
 
Одредени студии покажуваат дека колку повеќе имаат избор купувачите, толку потешко ќе одберат еден производ/услуга. Изборот од три производи е многу полесен отколку изборот меѓу 300 опции. Ако е тешко за нив да одлучат што да купат, повеќето луѓе ќе се откажат од набавката. Ако продавате производ, направете го тоа едноставно. Ако сакате да направите важна одлука во животот, не ги проценувајте сите опции до крајните детали. Изберете нешто што мислите дека ќе функционира и обидете се. Ако не, одберете нешто друго и продолжете.
 
5. Сите луѓе имаат димензија на успех и димензија на неуспех
 
Оваа точка е поврзана со точка број 2, но е поинаква.
 
Совршенството е илузија и губење време.
 
Сите луѓе, дури и нашите идоли, имаат повеќе димензии. Моќните деловни луѓе, врвни музичари, па дури и нашите родители имаат димензија на успех и димензија на неуспех во нивните животи.
 
Нашата успешна димензија најчесто се следи од она што обично го правиме. Успешни сме во работите на кои им посветуваме многу време. Тоа е дел од нашиот живот што сакаме другите да го видат. Тоа е нашиот најголем адут надвор.
 
Но, зад секоја полирана приказна која ја промовираме кон јавноста лежи битие со голема листа на неуспеси.
 
6. Секоја грешка е прилика за напредок
 
Грешките нè учат вредни лекции. Секој пат кога правиме грешка, се приближуваме до целта. Единствената грешка која навистина ќе ве чини многу е изборот да не направите ништо, бидејќи се плашите од неуспех.
 
Немојте да се колебате или да се сомневате во себе. Во вашиот живот ретко добивате шанса и честопати треба да преземете ризици. Вие никогаш нема да бидете 100% сигурни дека ќе успеете, но може да бидете сигурни дека нема да успеете ако не се обидете. Вие само треба да се обидете!
 
Без оглед на исходот, на крајот работите ќе се решат. Или ќе успеете, или ќе научите нешто. Ако не сторите ништо, никогаш нема да знаете и ќе останете закопани засекогаш на истото место.
 
7. Луѓето можат да бидат добри и во работите што не им се допаѓаат
 
Многу луѓе тврдат: "Да бидеш добар во нешто, мораш да го сакаш". Тоа не е вистина.
Има многу примери каде што успешни професионалци посветиле многу време за да усовршат одредена вештина, кои добро заработуваат и напредуваат и покрај фактот што можеби не им се допаѓа до крај професијата или пак сметаат дека е здодевна. 
 
8. Она што најчесто нè вознемирува е нашиот проблем
 
Најчестите нешта што нѐ иритираат кај другите всушност немаат никаква врска со нив, туку се поврзани со нас. Точно, можеби направиле нешто што ќе го предизвика нашиот страв и нашата несигурност, или пропуштиле да прават нешто што сме го очекувале од нив. Во секој случај, таквите проблеми произлегуваат од нас.
 
И тоа е во ред. Малите несогласувања лесно може да се решат. Впрочем, ние управуваме со нашите одлуки. Ние одлучуваме дали ќе се измачуваме со минатото или ќе се фокусираме на позитивна иднина. Сè што ни треба е подготвеност поинаку да гледаме на работите - да го отфрлиме она што "требало да биде" и да се фокусираме на она "што е" и "што може да се направи".
 
9. Емотивните одлуки ретко се добри
 
Одлуките направени под големи емоции се често погрешни реакции, а не добро размислени. Таквите реакции се последица од минимално вложено размислување и се засноваат на привремен "увид" наместо свесно и избалансирано оценување.
 
Не дозволувајте вашите чувства да ја надминат интелигенцијата. Забавете и размислете пред да донесете одлука што може да ви го промени животот.
 
10. Никогаш нема да бидете подготвени 100% кога ќе се појави можност
 
Најголемата работа која им штети на паметните луѓе е неизвесноста што ги спречува да ја прифатат можноста, бидејќи мислат дека не се подготвени. Со други зборови, тие сметаат дека мора да стекнат дополнителни знаења и вештини пред да можат да аплицираат за одлична можност. За жал, таквото размислување го убива личниот развој.
 
Никој не е 100% подготвен кога ќе се појави можност. Тоа е затоа што големите можности не поттикнуваат да се развиеме емотивно и интелектуално. Тие нè тераатт ментално да се прошируваме и да ја напуштиме зоната за удобност, а кога не се чувствуваме удобно и сигурно, не се чувствуваме подготвени.
 
Значајни можности за раст и развој ќе дојдат во вашиот живот. Ако сакате да направите позитивна промена во животот, треба да ги прифатите овие можности, иако никогаш нема да се чувствувате подготвени 100%.