Актуелности

Одлично реализирана дводневна обука за административните службеници и вработени во јавен сектор во Хотел Свети Никола, Сандански, Бугарија.

25 учесници ја посетија обуката со наслов „Вработување; унапредување; мобилност; оценување на административните службеници и методологија за спроведување на функционална анализа“ која се одржа на 30, 31 мај 2019 година, во Хотел Свети Никола, Сандански, Бугарија.

Ова стручно предавање придонесе учесниците во релаксиран амбиент да ги совладаaт сите теми кои беа поставени на агендата. Предавањето го реализираа Билјана Николовска Жагар и Бранка Минчева Коцевска – експерти во дадената област од Министерство за информатичко општество и администрација.

Покрај на дводневното предавање, учесниците имаа можност и во неформалниот дел да споделат искуства и да разрешат определени дилеми од областа на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.

“Со оглед на важноста на овие закони, учесниците пројавија исклучителен интерес и беа многу активни во текот на целото предавање” истакна Бранка Минчева Коцевска.

И учесниците изразија задоволство од комплетното предавање и патување.

“Иако одамна сме запознати со законската регулатива, сепак оваа обука организирана во ваков амбиент ни овозможи да разјасниме определни дилеми кои ги имавме кај нас”, истакна Кристина Илијоска од ЈЗУ ГОБ 8ми Септември Скопје.