Актуелности

Обука за готовинско благајничко работење

Денес се одржа обуката за Готовинско благајничко работење, благајна на материјални и патни трошоци, како и пресметка на ДДВ и данок на добивка. Учесниците стекнаа теоретски и практични знаења за правилната примена на законската и даночната регулатива која го уредува готовинското денарско и девизно благајничко работење и евиденција - уплата на дневниот промет (малопродажба). 

Низ практични примери беше објаснета методологијата за пресметка и исплата на дневници за службени патувања во земјата и странство и управување со која законски оформена документација се врши исплата/уплата на готовински пари, сметки за материјални трошоци, како и значењето на одлуката за благајнички максимум. Понатаму, беа објаснети исплатата на издатоците (трошоци) при службено патување и влијанието на истите (процентуално) на пресметката на дневниците и исплатата на издатоците и дневниците над утврдените лимити согласно законската и даночата регулатива.