Актуелности

УСПЕШНА СЕЗОНА ЗА ИДНИТЕ СТУДЕНТИ ВО СЛОВЕНИЈА

Повеќе од 80 учесници на 5 in-house обуки, 3 групи и индивидуални предавања го посетија курсот по словенечки јазик во првата половина на оваа година.

Идни студенти, студенти и голем број на деловни луѓе кои соработуваат со Словенија, беа дел од курсевите за словенечки јазик.

"Предавањата беа одлични, на првото ниво се запознавме со основите на словенечкиот јазик и култура, одлично стуктурирани часови со многу вежби. Резултатот беше неизбежен"-го изрази своето задоволство Ана Перинска од ИТС Софтвер Центар ДООЕЛ Скопје.

Учесниците завршија од А1 до Б2 ниво.