Актуелности

ЗА УСПЕШНА КАРИЕРА ИНВЕСТИРАЈТЕ 3% ОД ВАШИОТ ГОДИШЕН ПРИХОД ВО СЕБЕ

Никогаш не ја потценувајте моќта на инвестирање во себе. Многу вработени ја забораваат оваа важна порака. Луѓето се повеќе склони да се почастат нова кошула или вечера отколку да инвестираат во унапредување во својата кариера - да ги прошират своите знаења, деловни вештини и слично.

Некои од најуспешните експерти за личен развој во светот се залагаат за инвестирање во себе. Брајан Трајси, писател на многу бестселери, едноставно напиша: "Еве правило што гарантира успех, а можеби и ќе се збогатите: Инвестирајте 3% од вашиот приход во себе".

Слично мислење има и Ворен Бафет, еден од најбогатите луѓе во светот: "Инвестирањето во себе е најдоброто нешто што можете да го направите. Нешто што ги подобрува вашите таленти; тоа никој неможе да ви го оданочи, ниту никој не може да ви го одземе".

Дали овој метод навистина функционира?

Идејата дека треба да инвестирате во себе не е само мотивациска фраза. Тоа е вистинска алатка која ќе ви помогне да напредувате во вашата кариера. Со постојано развивање на вашите професионални вештини, континуирано ја зголемувате сопствената вредност во вашата област и станувате се поважен член во вашиот бизнис. Работодавачот е секогаш подготвен да плати дополнително на најдобрите вработени, бидејќи ако не го стори тоа, некој друг ќе ги превземе.

Барањето на зголемување на плата или подобра работа е многу полесно кога имате богато искуство и знаење. Факултетската диплома одамна е недоволна за успех. Кога ќе дипломирате и добиете добра работа, не можете да се потпрете исклучиво на тоа. Во суштина, младите колеги ќе ве надминат, бидејќи тие имаат посвежо знаење.

Колку да инвестирате во себе?

Не постои научно правило кое покажува колку да инвестираме, но идејата на Трејси за 3% не е лоша. Се разбира, секогаш можете да инвестирате повеќе. Некои компании дури му нудат на вработениот надокнда за доусовршување на образованието, и така ја олеснуваат работата.

Како да знаете во што да инвестирате?

Треба да инвестирате во знаење и вештини кои ќе ве доведат до унапредување во вашата кариера.

Ако не сте сигурни во кои сертификати, обука и образование да инвестирате, размислете која позиција вашата компанија сака да ја постигне. Следен чекор: Прашајте ги вашите колеги на таа позиција какви сертификати стекнале. Ако е можно, прашајте го шефот што ви е потребно за да напредувате во компанијата.

Неколку идеи за напредување во кариерата