Актуелности

4 причини зошто не е добра идејата да се забрани Фејсбук на работа!

Не е тајна дека улогата на канцеларијата се смени во текот на изминатите децении, и дека денес, повеќето вработени седат пред компјутер подолго време.

Граница помеѓу приватниот живот и работата веќе не е толку јасна, најмногу затоа што социјалните мрежи сè повеќе се користат во бизнис цели.

Но, за некои работодавачи, дозволувањето употреба на социјални мрежи во канцеларијата е апсурдно. Многу големи компании, не дозволуваат употреба на социјални мрежи за време на работното време. Можеби тоа има смисла, затоа што социјалните мрежи се сметаат за претежно губење време и е бескорисно.

За еден вработен, да биде во можност да провери настани на социјалните мрежи може да биде големо искушение,  доколку не работи во секторот маркетинг или управување со социјални медиуми.

Но, што се случува кога работодавачот ќе одлучи да го забрани Фејсбук? Дали ја зголемува продуктивноста, или им штети на расположението на вработените? Еве четири причини зошто треба да се дозволат социјални мрежи во канцеларијата:


1. Губите талентирани луѓе 

Чувството за поврзаност е од суштинско значење за милениумските генерации, и ако го превидете тој факт, може лошо да се одрази на вашата способност да победите и да го задржите најдоброто. Голем број членови на таа генерација велат дека нема да ја прифатат работата освен ако не се дозволени социјални мрежи на работното место.

 

2.Ја намалувате продуктивноста

Работодавачите стравуваат дека вработените ќе бидат помалку продуктивни заради социјалните мрежи. Сепак, тие забораваат дека не е важно бројот на часови на проектот, туку резултатот што тие часови го носат. Секогаш мерете ја продуктивноста по излез.

Студијата на Универзитетот во Мелбурн открила дека оние кои редовно сурфаат на интернет за време на работното време се попродуктивни од оние што не. Затоа, и покрај верувањето, социјалните мрежи го имаат своето место во канцеларијата.
Некои работодавачи знаат дека на вработените им треба краток период на одмор за да ја одржат продуктивноста. Проверката на социјалните мрежи и мејловите се такви форми кои го освежуваат умот.
Вработените кои работат премногу, започнуваат да забушаваат. Социјалните мрежи можат да им бидат одлична оддишка од проектот.

Два часа на Фејсбук може да биде голем проблем, но пет минути пауза не е. Никој не може да се концентрира само на работа цели осум часа. Кратките паузи со социјалните мрежи се задолжителни ако сакаме вашите вработени да останат продуктивни.

Добар начин да се обесхрабри прекумерното трошење време на социјалните мрежи е преку отворено канцелариско опкружување каде компјутерските екрани се видливи за другите.

 

3  Предизвикувате недоверба 

Ако еден вработен зборува лошо за вашиот бизнис на социјалните мрежи за време на работното време, треба да направите нешто за тоа.

Но, забраната за социјално вмрежување во канцеларијата нема да ви донесе победа! Не е важно дали вработениот ја обвинува компанијата во работното време или во своето слободно време, тоа не е проблем со тајмингот, туку став на вработениот.

Забраната на социјалните мрежи им испраќа порака на вработените дека не им верувате. Одговорните вработени знаат дека треба да ги завршат задачите и да постигнат квалитет. Ако им дозволите неколку минути на ден на социјалните мрежи, тие ќе бидат ангажирани и ќе имаат поголема енергија.

 

4. Ја спречувате комуникацијата 

Социјалните мрежи не ја прекинуваат комуникацијата лице-в-лице во канцеларијата, напротив, тие ја помагаат. Една студија вели дека тројца од пет испитаници рекле дека нивните социјални мрежи ги подобриле односите со бизнисот, а една од три ги подобрила проектите на кои работеле преку социјалните мрежи.

Како и е-пошта и пораки, социјалните мрежи се добар начин за вработените да комуницираат неформално со познаници и да градат посилни врски, што резултира во подобра комуникација на работното место.

Зајакнете ги врските со вашите вработени со тоа што ќе дозволите социјални медиуми, но воспоставете официјална политика за користење и систем за набљудување. Секој вработен треба да биде обучен за да избегне катастрофа.