Актуелности

7 работи што успешните луѓе ги прават за да останат ментално здрави на патот до врвот

Успешните луѓе го користат своето слободно време на многу подобар начин отколку да лежат на каучот и да гледаат ТВ!

Дали знаевте дека новите бизниси четири пати почесто пропагаат од останатите? Дали знаете зошто е толку тешко да започнете успешен бизнис? Причината лежи во голем број фактори, меѓу кои е и како основачите го поминуваат слободното време. Продуктивноста што можете да ја креирате во вашето слободно време често може да се пренесе на вашите деловни потфати.

Верувајте дека успешните луѓе го користат своето слободно време на многу подобар начин отколку да лежат на каучот и да зјапаат во ТВ. Ако не успевате како претприемач, време е да создадете попаметни навики за тоа како го поминувате слободното време, смета списанието Success. Еве како можете да ги замените вашите лоши, непродуктивни навики и да останете ментално здрави:


1. Вежбање
Вежбањето е добро за телото и умот. Според различни студии, луѓето кои вежбаат 30 минути на ден, пет дена во неделата, имаат поздрав мозок, подобро расположение, понизок стрес, зголемена креативност и појасно размислување. Вежбањето е најдобриот метод да останете будни и живи додека водите сопствен бизнис.

2. Хоби
Дали забележавте дека најчесто најуспешните луѓе имаат интересни животни приказни надвор од работа? Главната причина за тоа е нивниот избор на активности за одмор. Хобито е добар ментален вентил за стрес и креативност.

3. Учење
Успехот честопати значи да изградите љубов кон учењето. Ако сакате да ја поттикнете таа љубов во себе, научете нешто ново. Некои учат јазици, други учат за најновите технологии. Повеќето учат работи што можат да бидат корисни за нивните кариери, како што се основите на ИТ. Според една студија, силната атмосфера за учење во една организација може да ја зголеми продуктивноста за 37 проценти.
Со онлајн упатства, курсеви, интернет и апликации кои обезбедуваат помош може постојано да се учи! Во спротивно немате изговор!

4. Свесност 
Постои причина зошто јогата е една од најпопуларните здрави практики денес: свесноста помага во релаксација, ја зголемува продуктивноста, и помага на креативноста и поттикнува чувство на благосостојба.
Важно е да се нагласи дека практикувањето свесност не мора да значи јога или медитација, иако и двете практики помагаат. Доволно е да седите на тивко место 20 минути двапати на ден, да залегнете во столот, да гледнете на таванот и да заборавите на светот.

5. Волонтирање 
Ако изгубивте перспектива за она што е најважно за вас, одвојте време да им служите на најслабите. Дајте нешто назад за вашата заедница и не размислувајте само за бизнисот, што ќе ви овозможи да се дистанцирате и да процените како да се подобрите. Тоа е одличен начин да се добие нова перспектива за животот и да се намали стресот што го создавате кога се фокусирате само на вашите проблеми.

6. Читање
Најдобар начин да се биде во тек за тоа што успешните прават е читањето.
Ако ги следите најновите вести или читате биографија на успешна личност на која се восхитувате, читањето ќе ве направи покреативни, ќе ги подобрите вашите когнитивни процеси и ќе ви овозможи да го ослободите стресот после долг ден.

7. Семејство
Одморете се и посветете го целото внимание на оние што најмногу ги сакате. Само неколку часа неделно, престанете да размислувате за работи што се случуваат на работа и уживајте во сè што се случува дома. Здравите, среќни и успешни луѓе разбираат дека одморот во друштво на најблиските ги одржува ментално здрави додека се искачуваат по скалилата на успех.