Настани

Почетен курс за Adobe Premiere

Почеток на курс: 22 јуни (понеделник) 2020 година
три пати неделно, 17.00 до 19.30 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Главната цел на курсот е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за монтажер на слика и тон, односно за работа во Adobe Premiere. За време на предавањата опсежно ќе биде елабориран процесот на монтирање на видео, слика и тон, како и процесот на обработка на видео и аудио материјали. 

Детално ќе бидат образложени и совладани чекорите и процесите на подготвување на видео прилог за телевизиско емитување (прилог за вести, прилог за во емисија, телевизиски реклами и телевизиски спотови) и за изработка на видео материјал за на интернет. 

Предавањата од курсот ќе се реализираат во 30 училишни часа,  8 средби, во текот на 4 недели (два пати неделно), од 17.00 до 19.30 часот, во просториите на Институт КОНЦЕПТ.

Области кои ќе бидат покриени на предавањата:
1. Основни поими, карактеристики и запознавање со програмот Adobe Premiere
2. Основни техники на монтирање на слика и тон
3. Работа со генерирани медиуми
4. Работа со аудио материјали
5. Употреба на видео ефекти
6. Практични вежби

Курсот е наменет за: 
Почетници кои планираат да се занимаваат со видео монтажа, а исто така и за лица кои професионално или полупрофесионално се занимаваат со оваа професија. Крајната цел е учесниците да бидат оспособени самостојно и во тим да работат како видео монтажери.

ВАЖНО!! Со оглед на видот на курсот – практични вежби, учесниците е потребно да носат преносен компјутер (лап-топ) на предавањата.

Сите заинтересирани за учество на овој курс можат да се пријават најдоцна до 18 јуни 2020 година.
 
Сите учесници на курсот ќе добијат работен материјал и Сертификат за учество.    

Цената на курсот за еден учесник изнесува 5.000 денари + 18% ДДВ и може да се плати на 3 рати.
 
За сите дополнителни информации во врска со курсот слободно контактирајте со: 
м-р Ирена Богоевска-Гаврилова и м-р Ленче Зикова, тел. 02 3128 526 и 02 3128 525, e-mail: institut@koncept.com.mk