Настани

СТАНЕТЕ ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР!!!

Проследете го задоволството на еден од учесниците:

"Kурс кој дефинитивно вреди да се посети доколку целите кон користење на дигиталните медиуми за професионално претставување на вашата компанија/организација во јавноста и квалитетна комуникација со вашите постоечки и идни клиенти. Содржината е одлично спакувана, а предавачите ја пренесуваат на динамичен и разбирлив начин. Ќе добиете низа корисни совети и алатки како да започнете и како да креирате стратегија за вашето on-line присуство, како правилно и прецизно да ја таргетирате својата публика и да ги пренесете вистинските пораки."
- Александра Спасевска

Курс за специјалист за маркетинг на социјални мрежи

почеток на курс: 23 јуни 2020 година
вторник и четврток, 17.00 – 20.00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Маркетинг на социјалните мрежи (SMM) е форма на интернет маркетинг која вклучува насочување на маркетинг порака до корисниците на социјална мрежа. Експертите за маркетинг во светот веќе долго време ги препознаваат социјалните мрежи како место за виртуелни средби со потенцијалните клиенти преку испраќање пораки насочени кон нив. Со своето секојдневно учество во социјалното вмрежување, компаниите го зајакнуваат нивниот визуелен идентитет, создаваат доверба и блискост и активно комуницираат со други корисници, што во крајна линија води до поголема посетеност на нивните веб страни, подобри резултати во пребарувачот и најважно, зголемена доверба кај клиентите.

Гугл и Фејсбук создадоа пазар на реклами вреден десетици милијарди долари. Фејсбук станува се помоќен медиум, преку кој огласувачите ги прикажуваат своите реклами, од околу стотина пати на ден, илјадници пати месечно - од ден на ден, од месец до месец. Секако, резултатите и трошоците за рекламирање на Фејсбук може да се следат и контролираат до најситните детали. Без разлика дали работите во B2B средина или вашата компанија се смета за компанија B2C – Вашето присуство во дигиталната сфера, особено социјалните мрежи е неопходно. Со квалитетни односи со постојните корисници и лесно и ефикасно привлекување на нови клиенти, социјалните мрежи прецизно ги насочуваат буџетите за маркетинг кон потенцијалните купувачи и клиенти и им овозможуваат на компаниите во реално време го следат успехот во постигнувањето на своите маркетинг цели.

Компаниите, брендовите или индивидуалците повеќе не се прашуваат дали треба да имаат присуство на социјалните мрежи. Наместо тоа тие веќе размислуваат кои чекори да ги преземат и кои социјални мрежи да ги изберат.

По завршување на овој курс учесниците ќе се стекнат со следните вештини:

ПРОГРАМА:

I. Комуникација на социјални мрежи
II. Пишување и креирање дигитални маркетинг стратегии
III. Наградни игри и натпревари на социјалните мрежи и кризна комуникација
IV. Content marketing на социјални мрежи
V. Рекламни кампањи на социјални мрежи

Времетраење на курсот:
Учесниците преку високо професионални предавања, практична работа и соодветна литература за 7 средби ќе научат како комплетно да го водат присуството на компаниите на социјалните мрежи.
На последната средба учеснциите ќе имаат можност да одржат еден-на-еден консултации со предавачите.
Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно (вторник и четврток) во попладневните часови од 17.00 до 20.00 часот.

За кого е наменет курсот:
Курсот е наменет за маркетинг менаџери, маркетинг специјалисти, управители и сите оние коишто сакаат да се запознаат со маркетингот на социјални мрежи и коишто сакаат да ги осознаат придобивките од примена на современите маркетинг техники.

Предавачи:Предавачи: Практичари за дигитален маркетинг и гости предавачи

ВАЖНО!! Со оглед на видот на курсот – практични и интерактивни вежби, учесниците е потребно да понесат преносен компјутер (лап-топ).

Сите заинтересирани за учество на овој курс можат да се пријават најдоцна до 15 јуни 2020 година.
 
Сите учесници на курсот ќе добијат работен материјал, прирачник и Сертификат за учество.  

Котизацијата за еден учесник изнесува 10.000 денари, плус ДДВ. За секој нареден учесник од иста компанија следува 10% попуст. Курсот може да се плати на две рати. 
 
За сите дополнителни информации во врска со курсот слободно контактирајте со: 

м-р Ирена Богоевска-Гаврилова и м-р Ленче Зикова, тел. 02 3128 526, 02 3128 525 e-mail: institut@koncept.com.mk