Настани

КУРС ЗА ПОЧЕТЕН СЛОВЕНЕЧКИ ЈАЗИК (А1 ниво)

(за идни студенти и сите оние коишто сакаат да го научат словенечкиот јазик)
почеток: 14 јануари 2019 год. (понеделник), 19:00-20:30 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Курсот за словенечки јазик е наменет пред сè, за почетници на кои им е потребно да го научат или да го збогатат своето познавање за комуникација на овој јазик. Курсот е особено погоден за сите матуранти и заинтересирани лица за студирање во Словенија, бидејќи за 36 часа ќе се стекнат со основни познавања на јазикот, но и со посебен вокабулар соодветен на студиите коишто ќе ги слушаат во Словенија. 

Кои знаења ќе се поседуваат по завршувањето на курсот?

- Правилна усна и писмена коресподенција 
- Проширување на својот вокабулар (речник со професионални изрази)
- Корегирање на најчестите граматички грешки кои се јавуваат во комуникацијата
- Подобрување на способноста за усна комуникација (говорење)

Општи информации:

- Наставата ќе се одвива во текот на 18 средби (36 училишни часа) коишто траат по 90 минути, два пати неделно;
- Секој учесник добива соодветна литература;
- Работа во мала група;
- За изучување на јазикот се организираат и индивидуални часови, 18 средби (36 училишни часа);
- Учесниците се стекнуваат со сертификат за изучување на словенечки јазик за почетно ниво.

Цената за следење на курсот во група изнесува 10.000 ден. + ДДВ.
Цената за индивидуални часови изнесува 18.000 ден. + ДДВ.
 
За сите дополнителни информации во врска со курсот слободно контактирајте со: 
м-р Ленче Зикова, тел. 02 3128 526 и 02 3128 525, e-mail: institut@koncept.com.mk