Настани

ИНТЕГРИРАН КУРС ЗА СЛОВЕНЕЧКИ ЈАЗИК ОД А1 ДО Б2 НИВО

(подготовка за идни студенти кои треба да полагаат  Б2 ниво и сите оние коишто сакаат да го научат словенечкиот јазик)
почеток: 2 септември 2019 год. (понеделник), 20:00 до 21:30 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

 

Курсот за словенечки јазик е наменет пред сè за сите матуранти и заинтересирани лица за студирање во Словенија, на кои им е потребно познавање на Б2 ниво, бидејќи за 76 часа од интегрираниот курс за словенечки јазик, ќе се стекнат со комплетни познавања на јазикот, потребни за полагање за Б2 ниво, но и со посебен вокабулар соодветен на студиите коишто ќе ги слушаат во Словенија. Курсот е особено погоден и за почетници на кои им е потребно да го научат или да го збогатат своето познавање за комуникација на овој јазик. 

Кои знаења ќе се поседуваат по завршувањето на курсот?

- Правилна усна и писмена коресподенција 
- Проширување на својот вокабулар (речник со професионални изрази)
- Корегирање на најчестите граматички грешки кои се јавуваат во комуникацијата
- Подобрување на способноста за усна комуникација (говорење)

Општи информации:

- Наставата ќе се одвива во текот на 38 средби (76 училишни часа) коишто траат по 90 минути, три пати неделно;
- Секој учесник добива соодветна литература;
- Работа во мала група;
- За изучување на јазикот се организираат и индивидуални часови, 38 средби (76 училишни часа);
- Учесниците се стекнуваат со сертификат за изучување на словенечки јазик.

Цената за следење на интегрираниот курс во група изнесува 22.000 ден. + ДДВ.
Цената за индивидуални часови изнесува 38.000 ден. + ДДВ.

 

Институт КОНЦЕПТ нуди и можност за сите заинтересирани кои сакаат да го изучуваат само основното ниво на јазикот, да ги посетат првите 18 средби (36 училишни часа), со што ќе добијат сертификат за изучување на основно ниво словенечки јазик.

 

Цената за следење на курсот за основно ниво изнесува 10.000 ден + ДДВ.
Цената за индивидуални часови изнесува 18.000 ден. + ДДВ.

За сите дополнителни информации во врска со курсот слободно контактирајте со: 
м-р Ленче Зикова, тел. 02 3128 526 и 02 3128 525, e-mail: institut@koncept.com.mk