Настани

АКАДЕМИЈА ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР

EARLY BIRD ПРИЈАВА

Можност за плаќање до 48 рати преку НЛБ Банка АД Скопје

 

Почеток: 1 октомври 2019 година,
два пати неделно, 18:00-21:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
 

До наредната 2020 година, 25% од светската економија ќе биде дигитална. Секоја година оваа индустрија расте за 40%, што е еквивалент на 5-6% раст во другите индустрии. Исто така до наредната 2020 година, ќе бидат изгубени 5 милиони работни места во конвенционалните бизниси, а исто толку работни места ќе бидат креирани благодарение на новите технологии.

Напуштајќи го концептот на класичниот маркетинт, дигиталниот маркетинг ги отвара вратите на сите индустрии, побрзо и поефективно да допрат до потрошувачите.

Во таа насока, Институт КОНЦЕПТ ја лансира АКАДЕМИЈАТА ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР, која  преку 10 модули ја затвора целината на комплетно изграден дигитален маркетер.
Почнувајќи со креирање на дигитална маркетинг стратегија, преку алатките за дигитално огласување, па до анализа и резултати од спроведените кампањи, студентите преку 80% практична работа и вежби комплетно ќе се оспособат за работната позиција-дигитален маркетер.

После секоја тематска целина студентите ќе поминат тестирање што ќе биде гарант за нивото на владеење на материјата, додека на крај со проектна задача ќе ја одбранат официјалната диплома за ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР.

Програмата на Академијата е верифицирана од Министерството за образование и наука, а дипломата е официјално призната во земјава.

 

Придобивки од Академијата:

  • учесниците по завршувањето на Академијата ќе бидат комплетно подготвени за работа на позицијата дигитален маркетер
  • официјална диплома призната од Министерство за образование и наука
  • ефективни предавања и практична работа - група ограничена до 20 учесници
  • 120 училишни часа, 15 недели, 2 средби неделно

Целта на Академијата е:

  • да ги трансформира класичните маркетинг тимови во дигитални
  • компаниите да ја зголемат продажбата
  • да привлечат повеќе корисници
  • да ги намалат трошоците за маркетинг и рекламирање
  • да се оспособат индивидуалци да започнат свои бизниси или полесно и брзо да се вработат

МОДУЛИ ЗА АКАДЕМИЈА ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР

МОДУЛ 1: Дигитален маркетинг и дигитална маркетинг стратегија

МОДУЛ 2: Content Marketing и Copywriting

МОДУЛ 3: Маркетинг на социјални медиуми

МОДУЛ 4: Facebook рекламирање; Instagram и Twitter реклами; Дисплеј и Видео Рекламирање (Display & Video Advertising)

МОДУЛ 5: Email Marketing

МОДУЛ 6: Search Engine Optimization (SEO)

МОДУЛ 7: WEB дизајн

МОДУЛ 8: Google Analytics

МОДУЛ 9: Adobe Photoshop

МОДУЛ 10: Интернет право

Проектна задача со завршен испит.


Предавачи:

Предавачите на Академијата се експерти во соодветната област кои произлегуваат од бизнис секторот, но ќе земат учество и голем број на гости кои ќе ги пренесат своите практични искуства.

ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ РЕДОВНИТЕ ПРЕДАВАЧИ НА МОДУЛИТЕ: 

 

  д-р Димитар Јовевски
  доц. проф. на Економски Факултет - Скопје

  ..........................................................................

Д-р Димитар Јовевски, доц. професор на Економскиот факултет-Скопје, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Повеќе од 10 години работи на катедрата по Е-Бизнис каде главниот фокус му се дигиталните медиуми и се што ги поврзува и опкружува истите, пасија кон дигиталното рекламирање, како и бизнис аналитиката.


  Владимир Ристевски
  партнер и маркетинг директор во Пиксел

  ..........................................................................

Владимир Ристевски е долгогодишен експерт со специјалност во дигитален маркетинг со акцент на креирање на стратегии и адвертајзинг кампањи за социјални медиуми, Newsletter кампањи, напредно таргетирање на Гугл, Фејсбук, Инстаграм, ЛинкдИн и слични платформи за рекламирање.
Во портфолиото на Пиксел има плејада на успешни дигитални кампањи поврзани со долгогодишни соработки со компании како Бимилк, Синеплекс, Охридска банка Сосиете Женерал, СОС Детско Село, Жито маркети, Тренд и над 50 други компании во Македонија и во странство.


  Ангелка Пеева Лауренчиќ
  основач и извршен директор на ImagePR

  ..........................................................................

Ангелка Пеева Лауренчиќ e пионер во развојот на управувањето со односите со јавноста и комуникациите како професија во Македонија, основач и извршен директор на ImagePR. Таа е докторанд со богато професионално искуство во оваа област и во областа на маркетингот и комуникациите што произлегува од две и пол децениската практична примена во областите на корпоративните, институционалните и политичките комуникации. Таа е вонреден професор на додипломските и постдипломските студии на Американскиот колеџ во Скопје.


  Николај Томашевски
  креативен директор на Kapital Media Group

  ..........................................................................

Николај Томашевски e долгогодишен креативен директор на Kapital Media Group и основач и сопственик на студиото за графички дизајн Infinity Design.
Специјалист за програмски софтвери за графички дизајн и анимација на Adobe и AutoDesk за изработка на креативни решенија за принт, електронска комуникација и дизајни за социјални мрежи (Facebook, Instagram, Linkedin…)
Во своето портфолио има голем број на проекти од полето на media & publishing, визуелизација на ивенти и конференции, креативи за маркетинг и адвертајзинг кампањи од доменот на уметноста, издавашвото, економијата и политиката.


  Ајлин Шеали
  менаџер во Pazar3.mk

  ..........................................................................

Ајлин е извршен менаџер во Pazar3.mk. Како магистер по менаџмент на информациски системи има големо искуство со онлајн огласување, дигитални платформи и проектен менаџмент. Pazar3.mk е првата и водечка онлајн платформа за купување и продавање.


  проф. д-р Гоце Наумовски
  проф. на Правен факултет “Јустинијан Први” - Скопје 

  ..........................................................................

Гоце Наумовски е професор на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје, на предметите Интернет право, Право на интелектуална сопственост и Римско право. Д-р Наумовски е визитинг професор на Kernochan Center for Law, Media and the Arts at Columbia University Law School (NY, USA). Член е на следните меѓународни организации и асоцијации: World Intellectual Property Organisation Global Network of Intellectual Property Academies (GNIPA); International Association for Protection of Intellectual Property (AIPPI); International Trademark Association (INTA); International Technology Law Association (ItechLaw).


  Игор Кузевски
  ген. секретар на Дирекција за заштита на лични податоци

  ..........................................................................

Игор Кузевски е генерален секретар на Дирекција за заштита на личните податоци, со долгогодишно искуство како виш инспектор за заштита на личните податоци, раководител на Одделение за вршење на инспекциски надзор, сертифициран ISO/IEC 27001 Lead Auditor и сертифициран ISO/IEC 27005 Risk Manager.


  Љупчо Зиков
  основач и директор на Kapital Media Group

  ..........................................................................

Љупчо Зиков е економист и магистер по деловно право. Основач е на Kapital Media Group (Капитал магазин) во 1999 година. Љупчо Зиков е влијателен колумнист и продуцент на повеќе бизнис настани во Македонија и во Адриа регионот. Специјалист е за создавање на компаниски продукти, стории за успешни компании и PR, креирање на компаниски секторски проекти и нивно брендирање, како и корпоративни комуникации.


Академијата е наменета за:

  • Маркетинг менаџери и вработени во маркетинг сектор
  • Менаџери за продажба и вработени во продажен сектор
  • Менаџери за развој на бизнисот; бренд менаџери; веб стратези; продукт менаџери; медија планери; CRM професионалци
  • Претприемачи/сопственици на мали и средни претпријатијa
  • Лица кои планираат професионално да се занимаваат со дигитален маркетинг
  • Студенти
  • Сите оние кои сакаат да го усовршат своето знаење​

 

  • Котизацијата изнесува 60.000 денари + ДДВ, со можност за плаќање на рати.
  • Можност за плаќање до 48 рати преку НЛБ Банка АД Скопје

Информирајте се детално, закажете средба!


За сите дополнителни информации во врска со академијата контактирајте со:  м-р Ленче Зикова или м-р Ирена Богоевска-Гаврилова

телефон:
02 3128 526                                                 e-mail: institut@koncept.com.mk
02 3128 525                                                             www.koncept.com.mk