Настани

ЗАКОНСКИ РОКОВИ-ОБВРСКИ ЗА НАВРЕМЕНО ПОДНЕСУВАЊЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ОДБИРАЊЕ, ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА АРХИВСКИОТ МАТЕРИЈАЛ И УНИШТУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАРНИОТ МАТЕРИЈАЛ, Е-АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И СОВРЕМЕНИ ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ ВО УПРАВУВАЊЕ СО ДОКУМЕНТИ, КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

13 јуни 2019 година (четврток), 10.00 до 16.00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

 

Цел на обуката:

Важноста на управувањето со документите се наметнува во работата на државните и другите институции и компании. Пренатрупаноста од документи кои најчесто не се добро или не се воопшто обработени налага барање на адекватно решение.

Заштитата на архивскиот материјал е приоритетна и трајна задача на една држава и општествена заедница. Архивскиот материјал претставува неодминливо и трајно сведоштво за генезата и историскиот развиток на македонската нација и македонскиот јазик и за севкупниот државно-правен, политички, општествено-економски и културен развиток на Република Македонија.

Законска обврска е на државните органи, претпријатијата и другите правни лица да извршуваат голем број должности од областа на канцелариското и архивското работење.

Содржина на обуката:

Предавачи: 
Борис Најдовски, долгогодишен виш инспектор во Државен управен инспекторат и долгогодишен предавач на теми од областа на архивското работење.
Диме Јуруков, поранешен заменик директор на Државниот архив на Македонија и долгогодишен предавач на теми од областа на архивското работење.
Претставник од Македонски бизнис системи, за е-архива.

За кого е наменета обуката:
За сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и унапредат техниките на канцелариското и архивското работење и да го усогласат своето работење со важечките законски прописи.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
•    работен материјал; 
•    кафе и освежување; 
•    закуска;
•    сертификат за присуство на семинарот.

Котизацијата за еден учесник изнесува 5.000 денари, плус ДДВ.
За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува 4.500 денари, плус ДДВ. 

Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 11 јуни  2019 година.

За сите дополнителни информации во врска со обуката слободно контактирајте со:
м-р Ирена Богоевска-Гаврилова и м-р Ленче Зикова, тел. 02 3128 526 и 02 3128 525, 
e-mail: institut@koncept.com.mk