Настани

Подготовка на апликација и изработка на деловен план за ИПАРД II програмата

Обуката за запознавање со ИПАРД  II програмата беше една од најпосетуваните и најчесто поставувани обуки во 2018 година.
Со иста динамика продолжува интересот и во 2019 година.

Добриот план и добрата апликација ве доближува до можноста од
поддршка од Фондот.

Влезете подготвени, успехот е реален!

17 јуни 2019 година (понеделник), 10:00-15:30 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

 

ПРЕТХОДНА НАЈАВА
на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

за објавување на Јавен повик 01/2019 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата 2014-2020).

За повеќе одете на следниот линк: http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp

Повиците се отворени ограничен период, стартувајте подготвени! 

Оваа обука е со цел здобивање на знаење за самостојна подготовка на деловниот план кој претставува документ, кој се отценува од страна на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој - ИПАРД фонд.

Препорачуваме посетителите да имаат претходни знаења во областа на економијата, како и да имаат основни познавања од Excel.

Учесниците ќе стекнат знаење за:

- Деловен план 
- Финасиска анализа на планираната инвестиција 
- Пресметки на економски параметри за оценка на одржливост на инвестицијата, Интерна стапка на рентабилност, Период на повраток на инвестицијата, Нето сегашна вредност на проектот - параметри според кој се оценува позитивен или негативен деловен план од комисијата од ИПАРД фондот.

Агенда:

I дел

1. ИПАРД фонд - основни информации за начин на аплицирање 

2. Кој може да аплицира за користење на кофинансирање од 50, 60 и 65 % од вкупната сума на проектот
 
3. Критериуми кој треба да се исполнат за микро, мали и средни претпријатија

4. Потребни документи за аплицирање

II дел

1. Пишување на деловен план
- Опис на инвестицијата

2. Пазарни аспекти на инвестицијата
- Карактеристики на планираниот производ
- Пазар на продажба (Купувачи)
- Пазар на набавка (Добавувачи)

3. Опис на планираната инвестиција
- Избор и опис на технолошкиот процес (опис на услугата)

4. Планирани инвестиции во градежни објекти

5. Планирани инвестиции во повеќегодишни насади

6. Планирани инвестиции во механизација/опрема

7. Планирани општи трошоци

8. Планирање на потребна работна сила

9. Временски распоред на инвестицијата

10. Анализа на локацијата

11. Придонес на проектот кон развој на локалната економија

III дел

1. Финансиска анализа на планирани трошоци
- Спецификација на трошоци во постоечки основни средства
- Спецификација на трошоци за планирани основни средства
- Структура на планирани материјални и други оперативни трошоци
- План за отплата на кредит наменет за финансирање на планираната инвестиција

2. Финансиска анализа на планирани приходи

3. Пресметка на економски показатели 
- Интерна стапка на рентабилност
- Период на поврат на инвестицијата 
- Нето сегашна вредност на проектот   

4. Причини за одобрување на проектот 

Предавач:

Инж. Mарија Крстева, сертифициран тренер за ИПАРД Фондови, акредитиран советник за специјалистички совети при АППРМ – Министерство за економија и сопственик на консултанска фирма за финансико - правен консалтинг.
Предавачот има 16 годишно работно искуство како советник во Светска Банка, Европска Банка за обнова и развој, Кредитирање на правни субјекти и пристап до финасии преку фондови. Предавачот е советник за бизнис планови за финасиски институции и советник за бизнис планови во НЛБ Тутунска Банка.
Предавачот е креатор и сопственик на развојна програма – идеја, бизнис и реализација наменета за старт-ап бизниси и воведување на нови дејности и производи во веќе постоечки претпријатија.
Искуството во проекти за ИПАРД, подготовка на апликации за ИПАРД, реализирани обуки за финасирање со ЕУ фондови, ќе ви биде пренесено и ќе можете да учествувате интерактивно на семинарот со прашања и дискусии за реални примери на проектите.
 
За кого е наменета обуката:
Оваа обука е за менаџери, управители, раководители на оддели на производство, советници консултанти кои ќе подготвуваат апликација за ИПАРД или ќе учествуваат во подготвувањето.

Цената за еден учесник изнесува 5.000 денари, плус ДДВ. За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува 4.500 денари, плус ДДВ.

Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 13 јуни 2019 година.

Сите учесници на обуката ќе добијат: 
- работен материјал
- сертификат за учество
- кафе и освежување
- закуска

Напомена: Поради практичниот карактер на обуката потребно е секој учесник да понесе лап топ.

За сите дополнителни информации во врска со обуката слободно контактирајте со: 
м-р Ирена Богоевска-Гаврилова и м-р Ленче Зикова, тел. 02 3128 526, e-mail: institut@koncept.com.mk.