Настани

Превенција од несреќи при работа за безбедно и здраво работно место со акцент на обезбедување на лична заштитна опрема и нејзина употреба

(Обуката носи 10 бодови за стручно усовршување)

21 јуни 2019 година (петок), 10.00-16.00 часот

Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Цели на обуката:

Превенцијата е клучен концепт во безбедност и здравје при работа. Всушност, превенцијата на несреќи при работа и на професионални болести мора да биде главна цел на секој систем за управување со безбедност и здравје при работа, многу повеќе отколку обидите да се решаваат проблемите откако тие ќе настанат. 

Овој принцип станува сè побитен,  бидејќи деловните субјекти многу брзо се менуваат (поради глобализацијата, намалување на обемот на работата, привремена работа, работа со скратено работно време, работата на подизведувачите, стареење на работната сила...), што повикува на проактивен пристап кон безбедност и здравје при работа.

Општите принципи за превенција на небезбедни работни услови се насочени кон превенција на несреќите при работа, болести на работното место (вклучувајќи ги болестите поврзани со работата, професионалните болести и стресот) и зголемување на потенцијалите за промоција/поттикнување на здравјето и благосостојбата на работната сила.

Тие принципи се следниве:

Во поглед на горенаведените принципи и потребата од фокусирање на превенција на несреќи при работа и професионални болести, деловните субјекти треба да имплементираат и интегрираат еден систем за управување со безбедност и здравје при работа  во нивниот систем на управување. Таквиот систем е наменет да ги развие и имплементира компаниските политики за безбедност и здравје при работа и да ги управува своите ризици за безбедност и здравје при работа.

Со цел осврнување на моменталната состојба во оранизациите од аспект на превенција од ризици и поттикнување на акција, Институт КОНЦЕПТ, организира еднодневна обука на која предавачи ќе бидат повеќе експерти од Инспекторатот за труд и од значајни домашни компании.

АГЕНДА:

1. Превенција од несреќи при работа - безбедно и здраво работно место.
предавач: Слаѓана Андоновска- раководител на Сектор за безбедност и здравје при работа, Државен инспекторат за труд.

2. Подигнување на свеста кај вработените и работодавачите за превентивно делување и намалување на ризиците на работните места и спречување на несреќи кои можат да се случат. Практични искуства на Макстил.
предавач: Владо Кочовски, директор за заштита, екологија и осигурување.

3. Регистрација и евиденција на  “Near miss accidents” како прв чекор во превенција на несреќи при работа.
предавач: Љупчо Кочовски, м-р по БЗР, управител на Фондација “Центар по безбедност и здравје при работа”, Р.Бугарија.

4. Комуникацијата, информацијата, едукацијата, искуството и обврските на работното место во корелација со превентивните мерки за БЗР и намалување на повреди при работа.
прредавач: М-р Дејан Ангеловски, дипл. инж. по ЗПР, стручно лице за БР, Претседател на здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.

5. Систематско управување со безбедноста и здравјето при работа, практичен пример во рудник Бучим Радовиш.
предавач:  Петре Спасов дипл.маш.инж, М-р по БЗР, БУЧИМ ДОО Радовиш.

6. Дискусија

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:

За работодавачи, стручните лица, вработени физички лица од сите институции и деловни субјекти, одговорни за правилна примена на Законот за безбедност и здравје при работа и Правилникот за начинот на водење на евиденција во областа на безбедност и здравје при работа. 

Котизацијата за еден учесник изнесува: 6.000 денари + ДДВ. 

За секој следен учесник од иста институција котизацијата изнесува: 5.000 денари + ДДВ. 

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до:
17 јуни 2019 година.
 
Напомена: Секој учесник на крајот на обуката ќе добие потврда за стекнатите бодови за учество на обука за стручно усовршување.

Сите учесници на обуката ќе добијат:
- работен материјал  
- кафе и освежување
- закуска
- сертификат за присуство и потврда за бодови

За сите дополнителни информации во врска со обуката слободно контактирајте со: 
м-р Ирена Богоевска-Гаврилова и м-р Ленче Зикова, тел. 02 3128 526, e-mail: institut@koncept.com.mk.