Настани

НОВO-Закон за практиканство објавен во Службен весник 98/19, на 21.5.2019 (Закон за полесно вработување, различен од студентската пракса) и Обработка на специфичности од Законот за работните односи: работно време, одмори, отсуства, oтказ од деловни причини, престанок на работен однос од деловни причини, отстранување од работа и парична казна

Вработувањето на лица врз основа на биографија и интервју воопшто не е едноставна и не секогаш е успешна постапка. Новиот Закон за практиканство овозможува период на прилагодување на практикантот кон работните задачи и оранизацијата, а од друга страна овозможува работодавачот да направи проценка за кандидатот.

28 јуни 2019 година (петок), од 10.00 до 16.00 часот
Институт за бизнис образование КОНЦЕПТ, Скопје

Предавачи:
Злате Стојановски - раководител на Одделение за работни односи при Државниот инспекторат за труд 
Санде Зиков, судија во Апелационен суд Скопје
Хилда Мешкова, судија во Основен Суд Скопје 2
 
Практикантството за прв пат се уредува со посебен закон. Имено, во Службен весник на РСМ бр. 98/2019 објавен е Законот за практиканство, а влезе во сила на 29.05.2019 година.

Овој Закон има за цел да ја подобри и олесни вработливоста на пазарот на трудот. Законот за практиканство од една страна овозможува стекнување практично искуство на невработените лица, зголемување на нивните вештини и полесно вклучување на пазарот на трудот, а од друга страна создава можности и услови на работодавачот за вработување на лица со практично искуство кои имаат одредени вештини и знаења за одредени работи и работни задачи. 

На барање на бизнис заедницата се подготви новиот Закон за практиканство. Овој закон се разликува од студентската пракса, иако во 90% од случаевите субјектите ги поистоветуваат. Студентската пракса е обврска на студентите да извршат пракса во тек на студирањето, додека Законот за практиканство ги вклучува лицата до 34 годишна возраст, во насока на адаптација и оспособување на кадарот за определени работни позиции, а со цел нивно ВРАБОТУВАЊЕ.

Практикантот може максимум 6 месеци да извршува пракса во едно претпријатие со цел да се стекне со практични знаења и вештини. По истекувањето на тој период работодавачот може да го вработи практикантот или воопшто да не го ангажира. Практикант може само еднаш да извршува пракса во една иста компанија. Ангажманот на практикантот е регулиран со Договор за практиканство. Бројот на практиканти кои можат да бидат ангажирани во едно претпријатие е пропишан во Законот.

Овој Закон предвидува низа обврски за работодавачот, но и за практикантот.

АГЕНДА:

1.  Закон за практиканство

2.    Специфичности од Законот за работните односи

2.1.  Работно време, одмори, отсуства и други права

2.2.  Отказ од деловни причини – технолошки вишок

3.  Постапка за откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и работодавачот предвидени во ЗРО:
Основани причини за отказ во согласност со ЗРО од деловни причини

4.  Отстранување од работа од кај работодавачот до донесување на одлука за отказ на договорот за вработување и парична казна

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:

За претставници од сите трговски друштва кои секојдневно се соочуваат со оваа проблематика, правни сектори, сектори за човечки ресурси, менаџери и сопственици.

ПРЕДАВАЧИ:

Злате Стојановски - раководител на Одделение за работни односи при Државниот инспекторат за труд 
Санде Зиков, судија во Апелационен суд Скопје
Хилда Мешкова, судија во Основен Суд Скопје 2

Котизацијата за еден учесник изнесува: 
5.000 денари + ДДВ. 
За секој следен учесник од иста институција котизацијата изнесува:
3.000 денари + ДДВ. 

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до
26 јуни 2019 година.
 
Сите учесници на обуката ќе добијат:

За сите дополнителни информации во врска со обуката слободно контактирајте со: 
м-р Ирена Богоевска-Гаврилова и м-р Ленче Зикова, тел. 02 3128 526, e-mail: institut@koncept.com.mk.