Настани

ПОДГОТОВКА НА АПЛИКАЦИЈА И ИЗРАБОТКА НА ДЕЛОВЕН ПЛАН ЗА ИПАРД II ПРОГРАМАТА

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  на 1.6.2019, објави најава за отварање на јавен повик број: 01/2019.
 
Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во првата половина на месец јули 2019 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2014-2020 година). Целта на ИПАРД Програмата 2014-2020 е преку содветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување. Финансиските средства од ИПАРД.
 
Програмата 2014-2020 во врска со спроведување на овој Јавен повик од јули 2019 година се наменети за следните мерка
-Диверзификација на фармите и развој на бизниси, со ограничување само за следните приоритетни сектори од мерката: 
1. Алтернативно земјоделско производство 
2. Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции: • Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво; • Колачи, тестенини и пекарски производи; • Чај и билни екстракти; • Зачини и билки; • Слатководна риба, ракови и мекотели и • Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ. 
3. Производство на не-прехранбени производи 
4. Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите 
5. Обезбедување на услуги во земјоделството 
6. Развој на услуги за руралното население 
7. Промоција на руралниот туризам
 

Огласот ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници.


за повеќе информации на следниот линк:
http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp

 

Оваа обука е со цел здобивање на знаење за самостојна подготовка на деловниот план кој претставува документ, кој се отценува од страна на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој - ИПАРД фонд.

Препорачуваме посетителите да имаат претходни знаења во областа на економијата, како и да имаат основни познавања од Excel.

Учесниците ќе стекнат знаење за:

- Деловен план 
- Финасиска анализа на планираната инвестиција 
- Пресметки на економски параметри за оценка на одржливост на инвестицијата, Интерна стапка на рентабилност, Период на повраток на инвестицијата, Нето сегашна вредност на проектот - параметри според кој се оценува позитивен или негативен деловен план од комисијата од ИПАРД фондот.

Агенда:
 I дел 

1. ИПАРД фонд - основни информации за начин на аплицирање 

2. Кој може да аплицира за користење на кофинансирање од 50, 60 и 65 % од вкупната сума на проектот
 
3. Критериуми кој треба да се исполнат за микро, мали и средни претпријатија

4. Потребни документи за аплицирање

 II дел 

1. Пишување на деловен план
- Опис на инвестицијата

2. Пазарни аспекти на инвестицијата
- Карактеристики на планираниот производ
- Пазар на продажба (Купувачи)
- Пазар на набавка (Добавувачи)

3. Опис на планираната инвестиција
- Избор и опис на технолошкиот процес (опис на услугата)

4. Планирани инвестиции во градежни објекти

5. Планирани инвестиции во повеќегодишни насади

6. Планирани инвестиции во механизација/опрема

7. Планирани општи трошоци

8. Планирање на потребна работна сила

9. Временски распоред на инвестицијата

10. Анализа на локацијата

11. Придонес на проектот кон развој на локалната економија

 III дел 

1. Финансиска анализа на планирани трошоци
- Спецификација на трошоци во постоечки основни средства
- Спецификација на трошоци за планирани основни средства
- Структура на планирани материјални и други оперативни трошоци
- План за отплата на кредит наменет за финансирање на планираната инвестиција

2. Финансиска анализа на планирани приходи

3. Пресметка на економски показатели 
- Интерна стапка на рентабилност
- Период на поврат на инвестицијата 
- Нето сегашна вредност на проектот   

4. Причини за одобрување на проектот 
Предавач:
 инж. Mарија Крстева, сертифициран тренер за ИПАРД Фондови, акредитиран советник за специјалистички совети при АППРМ – Министерство за економија и сопственик на консултанска фирма за финансико - правен консалтинг.
Предавачот има 16 годишно работно искуство како советник во Светска Банка, Европска Банка за обнова и развој, Кредитирање на правни субјекти и пристап до финасии преку фондови. Предавачот е советник за бизнис планови за финасиски институции и советник за бизнис планови во НЛБ Тутунска Банка.
Предавачот е креатор и сопственик на развојна програма – идеја, бизнис и реализација наменета за старт-ап бизниси и воведување на нови дејности и производи во веќе постоечки претпријатија.
Искуството во проекти за ИПАРД, подготовка на апликации за ИПАРД, реализирани обуки за финасирање со ЕУ фондови, ќе ви биде пренесено и ќе можете да учествувате интерактивно на семинарот со прашања и дискусии за реални примери на проектите.
 
За кого е наменета обуката:
Оваа обука е за менаџери, управители, раководители на оддели на производство, советници консултанти кои ќе подготвуваат апликација за ИПАРД или ќе учествуваат во подготвувањето.

Цената за еден учесник изнесува 5.000 денари, плус ДДВ. За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува 4.500 денари, плус ДДВ.

Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 15 јули 2019 година.

Сите учесници на обуката ќе добијат: 
- работен материјал
- сертификат за учество
- кафе и освежување
- закуска

Напомена: Поради практичниот карактер на обуката потребно е секој учесник да понесе лап топ.

За сите дополнителни информации во врска со обуката слободно контактирајте со: 
м-р Ирена Богоевска-Гаврилова и м-р Ленче Зикова, тел. 02 3128 526,
e-mail: institut@koncept.com.mk.