Настани

КУРС ЗА ХОЛАНДСКИ ЈАЗИК

Научете холандски јазик со native speaker во Институт КОНЦЕПТ
Курсот за холандски јазик е наменет пред сè, за почетници и за деловни луѓе на кои им е потребно да го научат или да го збогатат своето познавање за комуникација на овој јазик. Наменет е и за сите лица кои имаат потреба од остварување на деловна комуникација со партнери кои се лоцирани во Холандија и Белгија и кои го говорат холандскиот јазик.

Како функционира програмата?

Програмата е осмислена како функционален спој на практично и теоретско знаење, кои имаат за цел да го максимизираат ефектот на достигнување во текот на наставните часови.

Кои знаења ќе се поседуваат по завршувањето на курсот?

Правилна формална усна и писмена деловна коресподенција во различни деловни комуникации 
Телефонска комуникација
Пишување деловни писма, извештаи, понуди, CV и слично
Проширување на својот вокабулар (речник со професионални изрази)
Корегирање на најчестите граматички грешки кои се јавуваат во деловната комуникација
Толкување различни деловни документи
Подобрување на способноста за усна комуникација (говорење)
 

Видови курсеви:      

Општ почетен курс за изучување холандски јазик 
- NT2 (холандски јазик за странци)
- Mетода:  Delftse Methode
Општи курсеви по деловен холандски јазик
- Деловен холандски јазик - почетно ниво (Beginnersniveau)  
- Деловен холандски јазик - средно ниво (Tussenniveau)
- Деловен холандски јазик - напредно ниво (Gevorderd)
Општи информации:

Наставата ќе трае вкупно 3 месеци, 40 часови/45 минути час, во блок-часови, два пати неделно, во периодот од 19.30 до 21.00 часот.
Секој учесник добива соодветна литература .
Работа во мала група.
Учесниците се стекнуваат со сертификат за изучување на холандски јазик од соодветното ниво.

Цената за следење на курсот во група изнесува 10.000 ден. + ДДВ, со можност за плаќање на три рати.

За сите дополнителни информации во врска со курсот слободно контактирајте со: 
м-р Ленче Зикова, тел. 02 3128 526 и 02 3128 525, e-mail: institut@koncept.com.mk