Настани

КУРС ЗА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК


Курсот по германски јазик е наменет пред сè, за почетници и за деловни луѓе на кои им е потребно да го научат или да го збогатат своето познавање за комуникација на овој јазик. Наменет е и за сите лица кои имаат потреба од остварување на деловна комуникација со партнери кои се лоцирани во Германија и кои го говорат германискиот јазик.

Како функционира програмата?

Програмата е осмислена како функционален спој на практично и теоретско знаење, кои имаат за цел да го максимизираат ефектот на достигнување во текот на наставните часови.

Кои знаења ќе се поседуваат по завршувањето на курсот?

Правилна формална усна и писмена деловна коресподенција во различни деловни комуникации 
Телефонска комуникација
Пишување деловни писма, извештаи, понуди, CV и слично
Проширување на својот вокабулар (речник со професионални изрази)
Корегирање на најчестите граматички грешки кои се јавуваат во деловната комуникација
Толкување различни деловни документи
Подобрување на способноста за усна комуникација (говорење)
Видови курсеви:      

Општи курсеви по деловен германски јазик
- Деловен германски јазик - почетно ниво
- Деловен германски јазик - средно ниво
- Деловен германски јазик - напредно ниво

Специјалистички курсеви по деловен германски јазик
- Деловен германски  јазик за правници
- Деловен германски јазик за маркетинг и менаџмент
- Деловен германски јазик за финансии и банкарство
- Деловен германски јазик за медицина и фармација
- Деловен германски јазик за туризам, хотелиерство и угостителство
Општи информации: 

Наставата ќе трае вкупно 3 месеци, 40 часа/45 минути час, во блок-часови, два пати неделно, во периодот од 19.30 до 21.00 часот.
Секој учесник добива соодветна литература.
Работа во мала група, за специјалистичките курсеви организираме индивидуални предавања.
Учесниците се стекнуваат со сертификат за изучување на германски јазик од соодветното ниво.

Цената за следење на курсот во група изнесува 10.000 ден. + ДДВ, со можност за плаќање на три рати.

 За сите дополнителни информации во врска со курсот слободно контактирајте со: 
м-р Ленче Зикова, тел. 02 3128 526 и 02 3128 525, e-mail: institut@koncept.com.mk