Настани

КУРС ЗА СЛОВЕНЕЧКИ ЈАЗИК

Курсот за словенечки јазик е наменет пред сè, за почетници на кои им е потребно да го научат или да го збогатат своето познавање за комуникација на овој јазик. Курсот е особено погоден за сите матуранти и заинтересирани лица за студирање во Словенија, бидејќи за 36 часа ќе се стекнат со основни познавања на јазикот, но и со посебен вокабулар соодветен на студиите коишто ќе ги слушаат во Словенија. 
 

Како функционира програмата?

Програмата го следи стандардизираниот курс на студии СФИ кои ги опфакаат степените А1, А2, Б1 и Б2 спред заедничката европска рамка на јазици. Истата опфаќа функционален спој на практично и теоретско знаење, кои имаат за цел да го максимизираат ефектот на достигнувањето во текот на наставните часови.

Кои знаења ќе се поседуваат по завршувањето на курсот?
А1 и А2 ниво:

Правилна формална усна и писмена коресподенција со можност на осврт во различни деловни комуникации 
Телефонска комуникација
Пишување неформални писма, понуди, табели, докум енти и слично
Проширување на својот вокабулар (речник со професионални изрази)
Корегирање на најчестите граматички грешки кои се јавуваат во секојдневната и деловната комуникација
Подобрување  на способноста за усна комуникација (говорење)

Б1 и Б2 ниво:

Правилна формална усна и писмена коресподенција со можност на осврт во различни деловни комуникации 
Телефонска комуникација
Пишување деловни писма, извештаи, понуди, CV и слично
Проширување на својот вокабулар (речник со професионални изрази)
Корегирање на најчестите граматички грешки кои се јавуваат во деловната комуникација
Толкување различни деловни документи
Подобрување  на способноста за усна комуникација (говорење)

Општи информации:

- Наставата ќе се одвива во текот на 18 средби (36 училишни часа) коишто траат по 90 минути, два пати неделно,во периодот од 19.30 до 21.00 часот;
- Секој учесник добива соодветна литература;
- Работа во мала група;
- За изучување на јазикот се организираат и индивидуални часови, 18 средби (36 училишни часа);
- Учесниците се стекнуваат со сертификат за изучување на словенечки јазик за почетно ниво.

Цената за следење на курсот во група изнесува 10.000 ден. + ДДВ, со можност за плаќање на три рати.                                                                          Бројот на ученици во групата е ограничен на 10.
Цената за индивидуални часови изнесува 18.000 ден. + ДДВ.