Настани

ПОЧЕТЕН КУРС ЗА PHOTOSHOP

Adobe Photoshop е дефинитивно една од најкористените програми на денешницата. Тоа навистина не е случајност, речиси и нема граници на она што можете да го произведете во оваа програма.

Овој воведен курс ги покрива основните функции на програмата кои ќе ви помогнат да започнете да ги едитирате и подобрувате вашите фотографии. Во текот на курсот преку реални примери ќе бидат прикажани процесите на повеќе типови на едитирање, по што и самите учесници преку практични вежби ќе можат да ги испробаат алатките кои биле покажани. За секоја вежба ќе ви бидат обезбедени соодвети фајлови, фотографии и упатства, како и директен менторинг од иструкторот.

Предавањата од курсот ќе се реализираат во 8 средби, во текот на 4 недели, два пати неделно, вторник и четврток, од 18.30.00 до 21.00 часот, во просториите на Институт КОНЦЕПТ.

По завршување на курсот учесникот ќе се здобие со знаење за:
•    Интерфејсот на програмата
•    Како да отворите и зачувате фотографии во соодветен формат
•    Да исечете и промените димензии на фотографија
•    Подесување на изгледот на фотографијата (контраст, светлина, итн..)
•    Ретуширање на фотографии
•    Бришење објекти
•    Бришење и промена на позадина
•    Цртање во Photoshop
•    Додавање графички елементи
•    Дизајн во Photoshop

Програма на курсот:
Ден 1
-    Како фукционира програмата
-    Интерфејс
-    Слоеви
-    Вежби
Ден 2
-    Трансформации
-    Селекции
-    Четки
-    Филтри
-    Вежби
Ден 3
-    Маски
-    Adjustment слоеви
-    Вежби
Ден 4
-    Ретуширање
-    Бришење објекти
-    Бришење/менување позадина
-    Вежби
Ден 5
-    Композиција на фотографија
-    Blending modes
-    Вежби
Ден 6
-    Композиција на дизајн
-    Типографија
-    Стилови на слој
-    Вежби

Курсот е наменет за: 
Сите оние кои сакаат да се стекнат со основно знаење за практична работа во Adobe Photoshop.

ВАЖНО!! Со оглед на видот на курсот – практични вежби, учесниците е потребно да носат преносен компјутер (лап-топ) на предавањата.

Сите заинтересирани за учество на овој курс можат да се пријават најдоцна до 12 јуни  2020 година.
 Сите учесници на курсот ќе добијат работен материјал и Сертификат за учество.    

Цената на курсот за еден учесник изнесува 5.000 денари + 18% ДДВ и може да се плати на 3 рати.

 За сите дополнителни информации во врска со курсот слободно контактирајте со: 
 м-р Ленче Зикова, тел. 02 3128 526 и 02 3128 525, e-mail: institut@koncept.com.mk