Настани

АКАДЕМИЈА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Современото работење на успешните компании не може да се замисли без менацмент на човечки ресурси. Дури и помалите колективи имаат менаџер на човечки ресурси кој комуницира со вработените или со кандидатите за работа во компанијата. Во случај на поголеми бизнис системи, цел тим е ангажиран за ефикасно функционирање на вработените и нивните права и обврски.
Секторите за човечки ресурси, имаат цел да ја оптимизираат продуктивноста на вработените за максимално искористување на нивните капацитети. ХР менаџерите исто така се грижат за воспоставување на системот за работа со цел да се почитуваат основните принципи на компанијата, како што се работното време, дисциплина, почитување на човековите права, безбедноста на работа и многу повеќе.
Менаџирањето на човечките ресурси се однесува на практиките и политиките кои се потребни за извршување на менаџерски задачи поврзани со личните прашања, а особено вработувањето, обучувањето, оценувањето и наградувањето на вработените во компанијата и овозможување на безбедно, етички и праведни услови за нив.
 
Во таа насока, Институт КОНЦЕПТ ја лансира АКАДЕМИЈАТА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ, која  преку 8 модули ја затвора целината на комплетно изграден менаџер за човечки ресурси.
Прогамата на Академијата предвидува  80% практична работа и вежби на реални примери и проекти.
После секоја тематска целина студентите ќе поминат тестирање што ќе биде гарант за нивото на владеење на материјата, додека на крај со проектна задача ќе ја одбранат официјалната диплома.
Програмата на Академијата е верифицирана од Министерството за образование и наука, а дипломата е официјално призната во земјава.
 
Придобивки од Академијата:
  • учесниците по завршувањето на Академијата ќе бидат комплетно подготвени за работа на позицијата менаџер за човечки ресурси
  • официјална диплома призната од Министерство за образование и наука
  • ефективни предавања и практична работа
  • 80 училишни часа, 10 недели, 2 средби неделно
     
По завршувањето на Академијата  студентите ќе бидат оспособени за: 
  • Изработка на стратегиски план за управување со човечки ресурси.
  • Подготовка на систематизација и организациона шема со опис на работни места.
  • Изготвување на оглас и избор на соодветни медиуми.
  • Спроведување на интервју и подготовка на прашалници.
  • Спроведување на психолошки тестови.
  • Досие - водење евиденција за секој вработен за перформанси, помината обука, плата, надоместоци, работни часови, искористени денови од одмор и сл.
  • Студија на случај – мерење на учинок
  • Изработување на договор за вработување (елементи на договори)
  • Изработување на оглас за потребите на АВРМ.
  • Прибирање на документи за пријава и одјава на вработени.
  • Изготвување на прашалник за мерење на степен на задоволство кај вработените, план за финансиска мотивација и план за нефинансиска мотивација
  • Изработка на план за обука и тренинг на вработени.
  • Пресметка на нето и бруто плата.
  • Огласување преку социјални мрежи

МОДУЛИ ЗА АКАДЕМИЈА ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР

  1. Стратегиски менаџмент на човечки ресурси
  2. Регрутација и селекција на кандидати
  3. Следење на работна успешност на вработени (Performance Management)
  4. Општи и правни аспекти на управувањето со човечки ресурси
  5. Мотивирање и наградување на вработените
  6. Едукација и развој на кадри и управување со таленти (Talent Management)
  7. Пресметка на плата и надоместоци од плата
  8. Управување со човечки ресурси и новите технологии

 

Предавачи:

Предавачите на Академијата се експерти во соодветната област кои произлегуваат од бизнис секторот, но ќе земат учество и голем број на гости кои ќе ги пренесат своите практични искуства.

 

Академијата е наменета за:

  1. Менаџери  за човечки ресурси и вработени во ХР секторот
  2. Претприемачи/сопственици на мали и средни претпријатијa
  3. Лидери на тимови
  4. Почетници во областа на човечки ресурси
  5. Лица кои планираат професионално да се занимаваат со управување на ХР
  6. Студенти
  7. Сите оние кои сакаат да го усовршат своето знаење

 

  • Котизацијата изнесува 50.000 денари + ДДВ 
  • Попуст од 20% за Early Bird најдоцна до 1 јануари 2020 година.
  • За студенти следува попуст од 20%
  • Можност за плаќање до 48 рати преку НЛБ Банка АД Скопје и Штедилница ФУЛМ Скопје

        Информирајте се детално, закажете средба!