Настани

Дводневна обука: ЕТИКА И УСОГЛАСЕНОТ СО ПРОПИСИ 2020 (ETHICS AND COMPLIANCE 2020)

Предавач: Луциа Ана Томич, Р.Хрватска

3-4 февруари 2020 година

10.00-16.00 часот, Институт КОНЦЕПТ

 

Нема да најдете ниту една организација што сака нејзиниот бизнис да биде во фокусот на истрага поради неускладеност со законската регулатива. Оваа ризична точка во работата на организациите е особено сериозна поради зголемените измами на работното место, како резултат на денешната високо конкурентна економија и оскудните ресурси.

Усогласеноста со прописите (compliance), како функција кај нас се развива последната деценија, посебно акцентирајќи ја улогата на секторите и офицерите за усогласеност (compliance officers).

Во последните неколку години посебен акцент се става на етиката и секогаш актуелната тема за спречување на перење пари.

Во таа насока, Институт КОНЦЕПТ организира дводневна обука со ексклузивен 
предавач од Р.Хрватска, а тоа е Луциа Ана Томич. Покрај нејзината фасцинантна
професионална биографија треба да се напомене дека таа е еден од носечките
предавачи на CEEEC- Croatia East Europe Ethics and Compliance Conference, која се
оддржува секоја година во Опатија, Хрватска.

ПРЕДАВАЧ:

Луциа Ана Томич,
дипломира на Правниот факултет, а подоцна на Економскиот факултет магистрира и се стекнува со титулата МБА, во Р.Хрватска. Потоа работи како адвокат во областа на трговското право во разни институции и на различни работни позиции. 

Таа во моментов е директор на Канцеларијата за усогласеност и поддршка во Хрватската поштенска банка. Како одговорно лице за усогласеност во банката, врши надзор, контрола и едукација во врска со етичко однесување, судир на интереси, спречување на перење пари и измама. 
Таа е активно вклучена во работата на International chamber of commerce на Хрватската стопанска комора, преку Комисијата за општествена одговорно работење и борба против корупцијата. 

Унапредувањето на корпоративната култура и етичките вредности во денешниот брз и современ светот е предизвик. Лусиа вели дека најголемата предност на нејзината работа е што таа го сака тоа што го прави и му верува.

   АГЕНДА

 1.  Основи на етиката и усогласеностa

• Историски развој на деловната етика
• Улогата на етиката во организациската структура
• Етички принципи  (морал, независност, праведност, вистинитост, доверливост…)
• Зошто етика и усогласеност?
• Програма за етика и усогласеност
• Закони, стандарди и практики
• Оддел/сектор за етика и усогласеност  (основање, функција, односи  со Управните и Надзорните одбори и со други организациони единици)
• Risk based vs value based пристап 
• Како да стекнеме доверба?
• Одговорност за спроведување на програмата  (менаџмент, compliance officers ревизија ...)
• Конфликт на интереси
• Корупција и влијание врз деловните активности
• ISO 37001- Anti-bribery management systems (Систем за управување со борба против митото)

   2.  Воспоставување на системи за спречување на перење пари и измама
• Причини за воспоставување систем во претпријатијата
• Воспоставување на систем за спречување на перење пари
• Следење на деловна измама
• Развивање програма за спречување измама
• Проценка на ризикот и влијание врз деловните активности
• Мерки за подобрување и превенција
• Практики и случаи

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:
За сите офицери или вработени лица во секторите за усогласување со прописи или лица кои планираат да се занимаваат со оваа професија.

Котизацијата за еден учесник изнесува: 
12.000 денари + ДДВ. 
За секој следен учесник од иста институција котизацијата изнесува:
10.000 денари + ДДВ. 

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до
28 јануари 2020 година.
 
Сите учесници на обуката ќе добијат:

  • Работни материјали за обуката
  • Кафе, освежување и закуска
  • Сертификат од Институт КОНЦЕПТ за учество на обуката.

Работен јазик на обуката е хрватски јазик.

За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:

телефон: 02 3128 525; 070 272 207                              
e-mail: institut@koncept.com.mk
веб сајт: www.koncept.com.mk