Настани

АНАЛИЗА НА ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ НИЗ ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ПРЕКУ КОРИСТЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОКАЗАТЕЛИ И НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ АЛАТКИ

 

Eдноднодневна обука за:
АНАЛИЗА НА ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ НИЗ ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ПРЕКУ КОРИСТЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОКАЗАТЕЛИ И НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ АЛАТКИ

26.06.2020, Институт КОНЦЕПТ

 
Овој семинар обезбедува рамка за проучување на анализата на финансиските извештаи. Оваа рамка се состои од користење на напредни Ексел алатки – создавање на информациски систем за финансиска анализа. 

Разбирањето на финансиските извештаи помага во процесот на донесување одлуки за бизнисот. Претприемачите, инвеститорите и аналитичарите создаваат база на податоци низ одреден период на време која се презентира преку финансиските извештаи. Препознавањето на корисни информации кои стојат зад бројките во извештаите ќе ви кажат подеднакво или повеќе од самиот извештај. Само тогаш ќе знаете во која насока се одвива Вашиот бизнис.

Преку овој еднодневен семинар - работилница ќе дознаете како да умеете да ги препознаете клучните елементи од финансиската слика на вашето претпријатие и како истите да ги разберете на начин кој ќе ви помогне во донесувањето на вистински деловни одлуки.
 
Цели на обуката:
    
     1.  Анализа на оперативно-деловната успешност од работењето преку извештаите и показателите, структурата на приходите и трошоците и нивна примена во процесот на одлучување.
     2.  Брзо скенирање и читање на финансиските извештаи, како извор на финансиски податоци корисни во процесот на одлучување.
     3.  Дефинирање, пресметување, начин на толкување и значење на соодветни финансиски показатели за спроведување на финансиска анализа.
     4.  Корисности и ограничувања на финансиската анализа на оперативно-деловната успешност од работењето преку финансиските показатели.
Програма на обуката:
    
     1.  ПОИМ, ПРЕДМЕТ И ЦЕЛИ НА АНАЛИЗАТА НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ
     2.  ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ КАКО ПРЕДМЕТ НА АНАЛИЗА
     3.  МАТЕРИЈАЛНИ ПРЕТПОСТАВКИ НА ФИНАНСИСКАТА АНАЛИЗА
     4.  ВИДОВИ АНАЛИЗИ
     5.  МЕТОДИ НА АНАЛИЗАТА
     6.  ПРАКТИЧНА РАБОТА – ИЗГОТВУВАЊЕ НА СОФТВЕР ВО ЕКСЕЛ ЗА ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА
     7.  АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ – ПРАКТИЧЕН ПРИМЕР
     8.  ФИНАНСИСКИ ПОКАЗАТЕЛИ – ПРЕСМЕТУВАЊЕ И ПРИМЕРИ
  • ИНДИКАТОРИ ЗА ЛИКВИДНОСТ
  • ИНДИКАТОРИ ЗА ПРОФИТАБИЛНОСТ 
  • ИНДИКАТОРИ ЗА АКТИВНОСТ
  • ИНДИКАТОРИ ЗА ЗАДОЛЖЕНОСТ
     9.  ТОЛКУВАЊЕ НА ПРЕСМЕТАНИ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ АНАЛИЗА НА ПАРИЧНИТЕ ТЕКОВИ И НИВНИТЕ ДВИЖЕЊА
 
ЗА КОГО Е
НАМЕНЕТА ОБУКАТА:


Менаџери, управители, лица од областа на финансиското работење, сметководството, финансиското известување, лица кои имаат потреба да ги препознаваат информациите и пораките кои се носат во нивните финансиски извештаи, вработени во банки и други финансиски институции. Истата особено е корисна за менаџерските позиции управителите и лицата кои се директно вклучени во процесот на донесување деловни одлуки во претпријатијата.
 
ПРЕДАВАЧ:

проф. д-р Зоран Ивановски
 
Котизацијата за еден учесник изнесува: 
5.000 денари + ДДВ. 

За секој следен учесник од иста институција котизацијата изнесува:
4.000 денари + ДДВ. 

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до
24 јуни 2020 година.
 
Сите учесници на обуката ќе добијат:
  • Работни материјали за обуката
  • Кафе, освежување и закуска
  • Сертификат од Институт КОНЦЕПТ за учество на обуката.
ВАЖНО!! Со оглед на видот на обуката – практични и интерактивни вежби, учесниците е потребно да понесат преносен компјутер (лап-топ).
 
За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:

телефон: 02 3128 525; 070 272 207                              
e-mail: institut@koncept.com.mk
веб сајт: www.koncept.com.mk