Настани

ПРАКТИЧНА ОБУКА ЗА КАНЦЕЛАРИСКО, АРХИВСКО РАБОТЕТЕ И Е-АРХИВА

 


ПРАКТИЧНА ОБУКА ЗА КАНЦЕЛАРИСКО, АРХИВСКО РАБОТЕТЕ И Е-АРХИВА 

(Најчести грешки, законски рокови, обврски за навремено поднесување извештаи за одбирање, евидентирање на архивскиот материјал и уништување на документарниот материјал, е-архивско и канцелариско работење 
и современи информациски технологии во управување со документи, канцелариско и архивско работење)


23 јуни 2020 година, 10.00 до 16.00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

 

 

Цел на обуката:

Важноста на управувањето со документите се наметнува во работата на државните и другите институции и компании. Пренатрупаноста од документи кои најчесто не се добро или не се воопшто обработени налага барање на адекватно решение.

Заштитата на архивскиот материјал е приоритетна и трајна задача на една држава и општествена заедница. Архивскиот материјал претставува неодминливо и трајно сведоштво за генезата и историскиот развиток на македонската нација и македонскиот јазик и за севкупниот државно-правен, политички, општествено-економски и културен развиток на Република Македонија.

Законска обврска е на државните органи, претпријатијата и другите правни лица да извршуваат голем број должности од областа на канцелариското и архивското работење.

Содржина на обуката:

Тема 1. Законски и подзаконски акти за канцелариското и архивското работење

  • Основни  разлики помеѓу јавен и приватен архивски и документарен  материјал
  • Основни поими: архивски материјал, документарен материјал, документарен материјал, документ/запис, конвенционалени неконвенционален архивски и документарен  материјалимател на архивски материјал
  • Надзор врз работењето на имателите на архивски и документарен материјал

Тема 2.Канцелариско работење

  • Овластување кое треба да го поседува функционерот
  • Овластување за прием, прегледување и распоредување
  • Овластување за ракување со печати и штембили
  • Штембили и печати на еден орган -приемен, роковен печат и др, евиденција на печати
  • Вежби-пополнување на обрасци

Тема 3. Основни техники на канцелариското работење

  • Основна книга за евиденција – деловодник
  • Помошни книги за евиденција (попис на документи, регистар, интерна доставна книга, книга за препорачана пошта и книга за место)
  • План на архивски знаци, Листа на архивски материјал и Листа на документарен материјал со рокови за негово чување
  • Вежби-пополнување на обрасци

Тема 4. Книги за евиденција

  • Деловодник
  • Попис на акти
  • Уписници
  • Интерна книга
  • Книга за место
  • Книга за пошта
  • Начин на заведување
  • Пренос
  • Поврзување
  • Исправка на погрешно напишан текст
  • Заклучување
  • Вежби-пополнување на обрасци

Тема 5. Аргивско работење

  • Архивирање, средување и обработка на документите, одбирање на архивскиот од документарниот материјал,
  • Попис и опис на архивскиот материјал, заштита и чување на архивскиот материјал
  • Чување,заштита и користење на архивскиот и документарниот материјал во мирновременска, воена и вонредна состојба

Тема 6. Електронско архивирање

  • Електронки архивски и документарен материјал, чување, заштита, достапност, користење и предавање во Државниот архив
  • Електронска архива и е-деловодник, софтвер, дигитално потпишување и принцип на архивирање

Предавачи:
Борис Најдовски, долгогодишен виш инспектор во Државен управен инспекторат и долгогодишен предавач на теми од областа на архивското работење.
Диме Јуруков, поранешен заменик директор на Државниот архив на Македонија и долгогодишен предавач на теми од областа на архивското работење.
Претставник од Македонски бизнис системи, за е-архива.

За кого е наменета обуката:

За сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и унапредат техниките на канцелариското и архивското работење и да го усогласат своето работење со важечките законски прописи.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
•    работен материјал; 
•    кафе и освежување; 
•    закуска;
•    сертификат за присуство на семинарот.

Котизацијата за еден учесник изнесува 5.000 денари, плус ДДВ.
За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува 3.000 денари, плус ДДВ. 

Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 21 јуни 2020 година.

За сите дополнителни информации во врска со обуката слободно контактирајте на тел. 02 3128 526 и 02 3128 525, e-mail: institut@koncept.com.mk.