Настани

АКАДЕМИЈА ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР

СТАНЕТЕ ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР СО ОФИЦИЈАЛНА ДИПЛОМА ОД МОН ИЛИ СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ СО 50% ОБЕЗБЕДЕН ВАУЧЕР, А ОСТАТОКОТ СО МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА  12 РАТИ!

ПОДАРОК: ПОСЕТА НА ТРИ ЕДНОДНЕВНИ ОБУКИ ПО ВАШ ИЗБОР ОД ПРОГРАМАТА НА ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ!
 
Искористете го ваучерот за млади лица од 18-29 години за стекнување на дигитални вештини, со обезбедена финансиска поддршка од  50% од вредноста на обуката, од третата мерка за справување со кризата КОВИД-19 понудена од Владата на Република Северна Македонија.

Периодот за аплицирање е  јули-август 2020. Во таа насока сите заинтересирани за овие обуки потребно е да креираат свој кориснички профил на Националниот портал https://uslugi.gov.mk/.
Изразете интерес во Институт КОНЦЕПТ,  со пополнување на Пријавен лист и истиот доставете го на e-mail: institut@koncept.com.mk. Концепт ќе ви обезбеди целосна помош при аплицирањето за ваучерот, и ќе Ве води чекор по чекор.

Барање за издавање ваучер за обуки за дигитални вештини може да го поднесете во рок од 15 дена сметано  од 18 јули 2020, денот на објава на листата на даватели на дигитални вештини.
 
НАПРАВЕТЕ ПРАВИЛЕН ИЗБОР И ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА АКАДЕМИЈАТА ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР И КУРСОТ ЗА МАРКЕТИНГ НА СОЦИЈАЛНИ МЕРЕЖИ!
 
Институт КОНЦЕПТ е единствен на пазарот со верифицирана програма во Министерство за образование и наука за програмата Дигитален маркетер.
Сертификатот е формален и признат на пазарот на труд. 80% од програмата е со практична работа и работа на реални проекти.
Предавачите на Академијата и курсот  се врвни експерти во соодветната област кои произлегуваат од бизнис секторот и од академската средина.
Со овие обуки се стекнувате со занимањето дигитален маркетер и специјалист за социјални мрежи, едни од најбараните професии, применливи во сите организации.
За сите невработени или оние кои сакаат да променат професија, Институт КОНЦЕПТ, има склучено договори за соработка, со повеќе компании за маркетинг, истажување на пазарот и ПР агенции, кои се во постојана потрага по нови членови на тимот со пасија за дигитален маркетинг.
Facebook
Twitter
Website
Email
LinkedIn
АКАДЕМИЈА ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
 
До  2020 година, 25% од светската економија беше дигитална. Секоја година оваа индустрија растеше за 40%, што е еквивалент на 5-6% раст во другите индустрии. Но, во оваа 2020 година,  дефинитивно овие проценти се многукратно зголемени. А овој тренд ќе потрае подолг период. Изгубени се милиони работни места во конвенционалните бизниси, но многу работни места се креирани благодарение на новите технологии.

Напуштајќи го концептот на класичниот маркетинт, дигиталниот маркетинг ги отвара вратите на сите индустрии, побрзо и поефективно да допрат до потрошувачите.

Во таа насока, Институт КОНЦЕПТ втор пат ја поставува АКАДЕМИЈАТА ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР, која  преку 10 модули ја затвора целината на комплетно изграден дигитален маркетер.
Почнувајќи со креирање на дигитална маркетинг стратегија, преку алатките за дигитално огласување, па до анализа и резултати од спроведените кампањи, студентите преку 80% практична работа и вежби комплетно ќе се оспособат за работната позиција-дигитален маркетер.

После секоја тематска целина студентите ќе поминат тестирање што ќе биде гарант за нивото на владеење на материјата, додека на крај со проектна задача ќе ја одбранат официјалната диплома за ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР.

Програмата на Академијата е верифицирана од Министерството за образование и наука, а дипломата е официјално призната во земјава и странство.

Придобивки од Академијата:

  • учесниците по завршувањето на Академијата ќе бидат комплетно подготвени за работа на позицијата дигитален маркетер
  • официјална диплома призната од Министерство за образование и наука
  • ефективни предавања и практична работа - група ограничена до 20 учесници
  • 120 училишни часа, 15 недели, 2 средби неделно
  •  

Целта на Академијата е:

  • да ги трансформира класичните маркетинг тимови во дигитални
  • компаниите да ја зголемат продажбата
  • да привлечат повеќе корисници
  • да ги намалат трошоците за маркетинг и рекламирање
  • да се оспособат индивидуалци да започнат свои бизниси или полесно и брзо да се вработат
МОДУЛИ ЗА АКАДЕМИЈА ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР
МОДУЛ 1: Дигитален маркетинг и дигитална маркетинг стратегија
МОДУЛ 2: Content Marketing и Copywriting
МОДУЛ 3: Маркетинг на социјални медиуми
МОДУЛ 4: Facebook рекламирање; Instagram и Twitter реклами; Дисплеј и Видео Рекламирање (Display & Video Advertising)
МОДУЛ 5: Email Marketing
МОДУЛ 6: Search Engine Optimization (SEO)
МОДУЛ 7: WEB дизајн
МОДУЛ 8: Google Analytics
МОДУЛ 9: Adobe Photoshop
МОДУЛ 10: Интернет право
Проектна задача со завршен испит.
 
Предавачи:

Предавачите на Академијата се експерти во соодветната област кои произлегуваат од бизнис секторот, но ќе земат учество и голем број на гости кои ќе ги пренесат своите практични искуства.

  ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ РЕДОВНИТЕ ПРЕДАВАЧИ НА МОДУЛИТЕ: 
д-р Димитар Јовевски
доц. проф. на Економски Факултет - Скопје
Д-р Димитар Јовевски, доц. професор на Економскиот факултет-Скопје, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Повеќе од 10 години работи на катедрата по Е-Бизнис каде главниот фокус му се дигиталните медиуми и се што ги поврзува и опкружува истите, пасија кон дигиталното рекламирање, како и бизнис аналитиката.
Владимир Ристевски
партнер и маркетинг директор во Пиксел
Владимир Ристевски е долгогодишен експерт со специјалност во дигитален маркетинг со акцент на креирање на стратегии и адвертајзинг кампањи за социјални медиуми, Newsletter кампањи, напредно таргетирање на Гугл, Фејсбук, Инстаграм, ЛинкдИн и слични платформи за рекламирање.
Во портфолиото на Пиксел има плејада на успешни дигитални кампањи поврзани со долгогодишни соработки со компании како Бимилк, Синеплекс, Охридска банка Сосиете Женерал, СОС Детско Село, Жито маркети, Тренд и над 50 други компании во Македонија и во странство.
М-р Сашо Дуљанов
Раководител на одделот за односи со јавност на Публицис Скопје, во која работи од нејзиното основање во 1996 година.  
Сашо Дуљанов е раководел со различни тимови кои биле вклучени во развивање и имплементација на најразлични кампањи за односи со јавноста, кои вклучувале креирање содржина, избор на алатки и техники за комуникација, пишување на неопходни содржини и нивен ефективен пласман во средствата за јавно информирање.
Поседува исклучително искуство: во развивање различни стратегија за односи со јавност ПР консалтинг и кризен ПР.  
Колумнист во повеќе релевантни медиуми во земјава, повеќе годишен предавач во МИМ (Високата школа за новинарство и односи со јавност), каде има предавано на тема пишување и креативно изразување.
Николај Томашевски
креативен директор на Kapital Media Group
Николај Томашевски e долгогодишен креативен директор на Kapital Media Group и основач и сопственик на студиото за графички дизајн Infinity Design.
Специјалист за програмски софтвери за графички дизајн и анимација на Adobe и AutoDesk за изработка на креативни решенија за принт, електронска комуникација и дизајни за социјални мрежи (Facebook, Instagram, Linkedin…)
Во своето портфолио има голем број на проекти од полето на media & publishing, визуелизација на ивенти и конференции, креативи за маркетинг и адвертајзинг кампањи од доменот на уметноста, издавашвото, економијата и политиката.
проф. д-р Гоце Наумовски
професор на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје 
Гоце Наумовски е професор на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје, на предметите Интернет право, Право на интелектуална сопственост и Римско право. Д-р Наумовски е визитинг професор на Kernochan Center for Law, Media and the Arts at Columbia University Law School (NY, USA). Член е на следните меѓународни организации и асоцијации: World Intellectual Property Organisation Global Network of Intellectual Property Academies (GNIPA); International Association for Protection of Intellectual Property (AIPPI); International Trademark Association (INTA); International Technology Law Association (ItechLaw).
Игор Кузевски
експерт за заштита на личните податоци
Игор Кузевски е генерален секретар на Дирекција за заштита на личните податоци, со долгогодишно искуство како виш инспектор за заштита на личните податоци, раководител на Одделение за вршење на инспекциски надзор, сертифициран ISO/IEC 27001 Lead Auditor и сертифициран ISO/IEC 27005 Risk Manager.
 
Академијата е наменета за:
  1. Маркетинг менаџери и вработени во маркетинг сектор
  2. Менаџери за продажба и вработени во продажен сектор
  3. Менаџери за развој на бизнисот; бренд менаџери; веб стратези; продукт менаџери; медија планери; CRM професионалци
  4. Претприемачи/сопственици на мали и средни претпријатијa
  5. Лица кои планираат професионално да се занимаваат со дигитален маркетинг
  6. Студенти
  7. Сите оние кои сакаат да го усовршат своето знаење
  • Котизацијата изнесува 60.000 денари + ДДВ 
  • Ваучер од 50% од вредноста на обуката,  покриена од третата мерка за справување со кризата КОВИД-19 понудена од Владата на Република Северна Македонија.
  • Останатите 50%, со можност за плаќање на 12 рати.

        Информирајте се детално, закажете средба!