Настани

КУРС ПО ОСНОВИ НА СМЕТКОВОДСТВО КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ И ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Институт КОНЦЕПТ ги спроведува обуките согласно препораките за заштита од КОВИД-19
КУРС ПО ОСНОВИ НА СМЕТКОВОДСТВО КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ И ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Почеток на курс: 29 септември 2020 година (вторник)
вторник и четврток, 18.00 – 21.00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
 

Целта на курсот е да ги оспособи на самостојна работа сите почетниците во областа на сметководството и вработени лица коишто се на позиција сметководствена администрација кај буџетските корисници и локалната самоуправа,  како и оние лица коишто имаат допирна точка со сметководството или пак сакаат теоретски и практично да го научат буџетското сметководство.

Курсот изобилува со практични вежби и примери за брзо и квалитетно изучување на буџетското сметководство и неговата примена. За време на курсот темелно ќе се разгледа законската регулатива којашто се однесува на буџетските корисници и принципите и стандардите на водење сметководство во јавниот сектор.

Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно (вторник и четврток) во попладневните часови од 18.00 до 21.00 часот.

Курсот е наменет за почетници во областа на сметководството и вработени лица коишто се на позиција сметководствена администрација кај буџетските корисници и локалната самоуправа.
Курсот е наменет и за сите оние кои имаат допирна точка со сметководството или пак сакаат теоретски и практично да го научат буџетското сметководство.

Учесниците преку високо професионални предавања, практична работа и соодветна литература за 24 училишни часови (6 средби/3 недели) ќе го научат основното ниво на сметководство кај буџетските корисници и локалната самоуправа.

Програма на курсот:

  1. ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА
  • Закон за буџетите;
  • Закон за извршување на Буџетот на Република Македонија;
  • Закон за сметководството на буџетите и буџетските корисници;
  • Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа;
  • Закон за користење и располагање со стварите во државна сопственост и стварите во општинска сопственост;
  • Правилник за сметководството  за буџетите и буџетските корисници;
  • Правилник за сметковниот план за буџетите и буџетските корисници;
  • Правилник за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетските корисници;
  • Правилник за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетите;
  • Правилник за обликот и содржината на Билансот на состојбата и Билансот на приходите и расходите за буџетите и буџетските корисници;
  • Упатство за начинот на трезорско работење. 
  1. НАЧИН НА ВОДЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВО
  • Отворање и водење на деловни книги
  • Признавање на приходите и расходите со примери
    • Сметководствени начела за признавање на приходите и расходите: мерливост и расположливост.
  • Проценување на билансните позиции со примери
    • Сметководствено начело за проценување на постојаните средства;
    • Сметководствено евидентирање на набавка, отуѓување, расходување на постојани средства;
    • Сметководствено начело на проценување и вреднување на залихите
    • Сметководствено евидентирање на набавка, потрошок, расходување на залихите;
    • Сметководствено начело на проценување на побарувањата и обврските;
    • Утврдување и одржување на билансна рамнотежа помеѓу одделни билансни позиции;
    • Корекција на сметководствени грешки од тековниот и од претходниот пресметковен период.
  • Пресметка на амортизација
    • Номенклатура и пропишани годишни стапки
    • Начин и метода за пресметка на амортизација
    • Сметководствен и даночен третман на амортизацијата
  • Пресметка на ревалоризација
    • Пресметка – образец РЕВ-1 и РЕВ-2
    • Начин на пресметка на ревалоризација
  • Усогласување на фактичката со сметководствената состојба
    • Спроведување на попис на средствата, побарувањата и обврските
    • Начин на усогласување на констатираните разлики со пописот
    • Сметководствен и даночен третман на кусоци и вишоци
  • Сметководствен и даночен третман на вишокот на приходи над расходи
    • Разлика помеѓу термините вишок на приходи над расходи и добивка
  1. ДАНОЧЕН СИСТЕМ
  • Данок на добивка
    • Обврзници
    • Даночна основица
    • Даночни олеснувања и ослободувања
    • Пополнување на даночен биланс „ДБ“
  • Персонален данок на доход
    • Обврзници
    • Даночна основица
  • Данок на додадена вредност
    • Обврзници
    • Даночна основица
 
Предавач: 
Курсот го изведува искусен предавач, експерт од областите кои ќе бидат покриени.

Цената за еден учесник изнесува 12.000 денари плус ДДВ.
 
Сите заинтересирани за учество на овој курс можат да се пријават најдоцна до 21 септември 2020 година.
 
Сите учесници на обуката ќе добијат работен материјал и Сертификат за учество.
 
За сите дополнителни информации во врска со курсот слободно контактирајте со: м-р Ленче Зикова, тел. 02 3128 525 и 02 3128 526, e-mail: institut@koncept.com.mk