Настани

МОДУЛ: "СОВРЕМЕН ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ" -ВЕШТИНИ И ПРЕДИЗВИЦИ-

Институт КОНЦЕПТ ги спроведува обуките согласно препораките за
заштита од КОВИД-19
МОДУЛ: "СОВРЕМЕН ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ"
-ВЕШТИНИ И ПРЕДИЗВИЦИ-

Почеток: 28 септември 2020 година,
два пати неделно, 18:00-21:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
 
Скоро и да не постои организација без деловен асистент. Потребата за ова професија постојано расте. Деловниот асистент е столб на секоја организација. Ги премостуваат комуникациите помеѓу менаџментот, вработените и клиентите.
 
Деловниот асистент преку комуникација со деловните соработници и клиенти, го гради мислењето и впечатокот за целата организација. Затоа е од големо значење за деловниот успех.
 
Првата средба на многу клиенти со компанијата се одвива преку деловен асистент, па затоа е исклучително важно лицето, кој со својот став и вештини може на вистински начин да ја претстави својата организација.
Исто така, деловниот асистент обезбедува максимална поддршка на претпоставените и ја олеснува нивната работа.
 
Администраторот, како што уште се нарекува деловен асистент, има различна улога споредено од една до друга компанија, меѓутоа постојат неколку основни вештини кои мора да ги поседува со цел успешно да одговори на работните обврски. Во денешно време од администраторот се очекува да извршува постојано повеќе работни активности истовремено, што од него бара силно чувство за организираност. 

Поради важноста која ја има деловниот асистент за работењето на една организација, без разлика на неговата големина, Институт КОНЦЕПТ повторно  го поставува модулот за деловен асистент. За време на часовите ќе се запознаете со неколку сегменти односно: деловни вештини, обврски од област на човечки ресурси, општи и правни работи, канцелариско и архивско работење, како и деловна етика и организација на работното место.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА МОДУЛОТ:
8 средби/4 недели
32 училишни часа

понеделник и среда, 18.00-21.00 часот

ПРИДОБИВКИ ОД МОДУЛОТ:

•    Eден поинаков начин за обука на деловните асистенти
•    Повеќе практично работење низ обуката
•    Индивидуално практицирање за време на самото предавање
•    Понесете го знаењето на предавачот со себе и по завршувањето на обуката

ПРОГРАМА:

  1. Улога на деловниот деловен асистент
  2. Основни карактеристики и вештини на деловен асистент
  3. Деловна етика
  4. Деловна комуникација
  5. Писмена комуникација
  6. Организација на работно место 
  7. Договори за вработување – М1/М2 
  8. Општи и правни работи
  9. Канцелариско и архивско работење 
 
ПРЕДАВАЧИ:

Модулот го изведуваат искусни предавачи, експерти од областите кои ќе бидат покриени. Секој предавач има своја тема од материјалот која ја пренесува на слушателите. 

 
Модулот е наменет за:

Модулот е наменет за почетници во административната работа, студенти, вработени лица на позиција деловен асистент, администратор, офис менаџер, секретар/ка, како и лица кои имаат допирна точка со административното работење, активно го практикуваат на базична основа и сакаат ВИСТИНСКИ ДА ГО НАУЧАТ!

Сите учесници на крајот од модулот ќе се здобијат со сертификат за учество.
  • Котизацијата изнесува 15.000 денари + ДДВ 
  • Попуст од 20% за Early Bird најдоцна до 1 август 2020 година.
  • Можност за плаќање на три рати  
        Информирајте се детално, закажете средба!