ПОСЛЕДНИ АКТУЕЛНОСТИ ОД ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ И ВОДЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКА АРХИВА (Е-ДЕЛОВОДНИК)

Цели на обуката:

Обуката се организира со цел обработка на специфичностите и последните актуелности од Законот за архивски материјал, како и водењето на електронска архива (е-деловодник). 

Агенда:

I.    Анализа на списи со содржинска класификација на организациониот план во архивското работење.

II.    Закон за архивски материјал.
1. Јавен архивски и документарен материјал;
•    Права и обврски на имателите; 
•    Одбирање на архивскиот и уништување на документарниот материјал
2. Приватен архивски и документарен материјал;    
3. Надзор;    
4. Прекршочни одредби;
5. Должности на имателите на приватен архивски и документарен материјал; 
6. Документарни центри.

III.      Електронски архивски и документарен материјал.

IV.      Уредба за канцелариско и архивско работење.

1.    Предмет, цел и содржина по предлог на Уредбата за канцелариско и архивско работење: 
•    Градација на канцелариското од архивското работење; 
•    Канцелариско работење (писарница); 
•    Архивско работење (архива);
•    Електронско канцелариско и архивско работење.
2.    Чување и заштита на архивски и документарен материјал;
3.    Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри;
4.    Упатство за начинот на одбележување на документите со рокови на чување;
5.    Водење на Деловодник и негово пополнување преку практични примери (јавни набавки (тендерска документација), оглас за вработување, склучување на договори и меморандуми, решенија за вработени и сл.);
6.    Примена и начин на користење на приемен и роковен штембил; 
7.    Во кој случај и на кои документи се применува штембил (меморандум); 
8.    Примена на печат Архивски примерок;
9.    Начин и постапка на поврзување на тековни предмети и поврзување на тековни предмети со предмети од претходни години;
10.    Водење на Попис на акти (договори за цесии, решенија за годишни одмори, фактури, патни налози, компензации, и сл.);
11.    Начин на водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги (книга за место, книга за пошта);
12.    Најновите предлог измени и дополнувања на Законот за архивски материјал по однос на Планот на архивски знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материјал со рокови за негово чување.

V.    Водење на електронска архива (е-деловодник).
1.    Усогласенот помеѓу рачно водење на деловодник и е-деловодник (нивна паралела).
2.    Водење на е-деловодник:
•    Канцелариско работење;
•    Движење на документите;
•    Архивско работење.
3.    Скенирање директно во Деловодникот; Распределување на документите по вработен; Дефинирање на сопствени независни категории и поткатегории; Дополнување на забелешки.
4.    Образложение на најчесто поставуваните прашања поврзани со електронското водење на архивата (е-архива и е-деловодник).

Обуката е наменета за:

За сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и унапредат техниките на  канцелариското и архивското работење, да се информираат со последните актуелности и новини во Законот архивски материјал, како и да започнат со водење на електронска архива (водење на е-деловодник).