Курс: Научете сè за Facebook

Facebook платформа – што е ново, сè за фан страна, рекламирање и креирање извештаи

Facebook не е платформа или поточно не е само платформа за забава! Таа е сериозна мрежа кадешто компаниите може да допрат до својот таргет, потрошувачите, да се рекламираат и да го видат исходот од истото, односно да го видат интересот за своите производи и услуги.

Со над една милијарда активни корисници низ целиот свет, Facebook е најуспешната социјална медиумска онлајн платформа. Искористете ја огромната корисничка база на потенцијални потрошувачи и креирајте ефикасни Facebook кампањи за да допрете до нив. Не застанувајте тука, креирајте извештаи, анализирајте го однесувањето на Вашите фанови и нивните потреби и измерете колку сте потрошиле и колку добивате како резултат на инвестираното бидејќи со само еден долар на ден, Вашата реклама може да стигне до илјадници Ваши потенцијални потрошувачи.

Целта на овој курс е да Ве научи како како да се поврзете со клиентите и да ги вклучите активно во маркетирањето на Вашиот бренд и производи, низ призмата на Вашата стратегија за комуникација и рекламирање на Facebook. Ќе разберете како да развиете план за Вашите Facebook кампањи и да ги следите перформансите и резултатите од истите преку извештаите и статистиките кои Ви се на располагање.

По завршување на курсот учесникот ќе биде способен:
•    Да се поврзува со и да ги вклучува клиентите во маркетирањето на брендот на Facebook.
•    Да креира, управува и одржува ефикасни Facebook фан страни.
•    Да развие план за креирање на Facebook кампањи.
•    Да гради целна публика и да таргетира специјални настани.
•    Да закупува основни и Facebook премиум реклами.
•    Да гради содржина на реклама на Facebook (зборови, рамка, големина, форма на слика).
•    Да управува со пристапот до повеќе страници и апликации.
•    Да одбере соодветна опција за рекламирање (CPC, CPM и Cost Per Action).
•    Да креира Facebook извештаи за реклами.
•    Да креира Facebook извештаи за апликации.

Методологија на изведување на курсот:
Предавањата се состојат од поединечни практични вежби и индивидуална работа со секој од учесниците за сегменти на Facebook реклами, апликации и извештаи.

Програма на курсот:
1.  Преглед на последните промени во Facebook платформата од бизнис аспект (Ден 1)
•    Новости во 2016
•    Facebook Guidelines 
•    Facebook & Instagram

2.   Facebook платформа (креирање, одржување и менаџирање на ФБ профил) (Ден 1)
•    Facebook профил
•    Facebook fan page
•   Business manager – нова, побезбедна алатка за управување на пристап до повеќе страници и апликации, наменета за компании кои треба да обезбедат пристап до фан страната на повеќе вработени.

ВЕЖБА: Креирање и поставување на ФБ фан страница

3.   Facebook содржина (Ден 2)
•    Типови и видови на содржина
•    Златно правило за креирање на содржина
•    Содржина во соодветен контекст
•    Комуникација и кризен менаџмент

ВЕЖБА: Креирање на 3-5 креативни постови за конкретната ФБ фан страница

4.   Facebook реклами (Ден 3 и 4)
     Разберете го рекламирањето на Facebook
•    Креирање цели на кампања
•    Во кои случаи функционира рекламирањето на Facebook?
•    Како функционираат Facebook ads и која е разликата во однос на Google Ads?
     
     Опции на избирање на релевантен таргет и публика
•    Градење на целна публика
•    Демографија, однесување и интереси
•    Таргетирање на специјални настани (Special event targeting)

     Градење на содржина на реклама на Facebook
•    Ограничување на зборови и рамки на содржина 
•    Големини и форми на слика
•    Која е најсоодветна содржина на реклама 

     Основни типови на Facebook реклами
•    Page post engagement ads
•    Page like ads
•    Offer claims ads
•    Event Responses ads
•    Clicks to website ads
•    Targeting your ads
     
     Facebook премиум реклами (Premium ads)
•    Кои опции се на располагање?
•    Како да се купат премиум реклами?
•    Користење на Power Editor

     Трошоци и опции за рекламирање
•    CPC, CPM и Cost Per Action; што е дозволено каде?
•    Предности и недостатоци на различните можности за наддавање

     Совети и трикови за подобри реклами
•    Најефективни типови на содржина 
•    Опции при креирање на содржината
•    A/B тестирање на рекламите
•    Користење на хаштагови и Shout-outs

ВЕЖБА (Ден3): Креирање на соодветна ФБ маркетинг кампања  со реален буџет
ВЕЖБА (Ден 4): Креирање на ФБ рекламни сетови

5.   Facebook извештаи за реклами (Ден 5)
•    Преглед на последни новости
•    Алатки за менаџмент, следење, мерење и извештаи за Facebook рекламите
•    Како и што да мерите кај Вашите реклами
•    Како до подобри резултати со следење и брза реакција
•    Што значат 10 000 Facebook фанови
•    Составување на целосен извештај за Facebook кампања

ВЕЖБА: Анализа на резултатите од претходно креираните рекламни кампањи

6.   Заклучоци и најдобри пракси
•    Анализа на целиот маркетинг процес
•    Успешни приказни од портфолиото на ПИКСЕЛ