Курс за Камерман

ЦЕЛИ НА КУРСОТ

Институт за бизнис образование КОНЦЕПТ организира курс за камермани  или сниматели на слика. Главната цел на курсот е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за снимање на слика во телевизиски и продукциски куќи. За време на предавањата, а воедно и во текот на практичната настава ќе се анализира начинот на снимање слика со помош на неколку видови професионални, полуаматерски и аматерски видови на камери. Учесниците ќе научат да снимаат видео примероци кои се користат во реклама, тв емисија, документарен филм.

ОБЛАСТИ КОИ ЌЕ БИДАТ ПОКРИЕНИ НА ПРЕДАВАЊАТА: 
 
1. Основни поими и карактеристики на камери
-    разликување HD од SD снимање
-    разликување ентериерно од екстериерно снимање
-    распознавање и користење алатки кои го олеснуваат процесот на снимање (стативи, steady cams, зиберки ...)
-    видови дополнителни осветлувања кои би го подобриле квалитетот

2. DSLR камери
-    справување со недостатоци кај DSLR камери
-    користење соодветни објективи во конкретни ситуации
-    препознавање материјал снимен со ваков вид камера
-    работа на терен

3.  HD камери
-    справување со недостатоци кај HD камери
-    препознавање на материјал снимен со таков вид камера
-    работа на терен

4. Балансирање на слика
-    режими на снимање кои ги содржи камерата и режими прилагодливи на ситуацијата.
-    бленда и експозиција
-    температура на боја

5. Кадрирање и промена на планови
-    распознавање снимателски речник / комуникација на терен
-    определба на планови на снимање
-    распознавање и читање сценарија
-    промена на ракурси

6. Микрофони за снимање на тон
-    начини на распознавање и користење на надворешни микрофони кои се приклучуваат на камерата
-    видови микрофони кои најчесто се користат во телевизиски снимања.

7. Комуникација
-    соработка со корисниците на услугите, соработниците и со претпоставените; деловна комуникација, соодветна терминологија.

КУРСОТ Е НАМЕНЕТ ЗА:

Почетници кои планираат да се занимаваат со снимање на слика, а исто така и за лица кои професионално или полупрофесионално се занимаваат со оваа професија. Крајната цел е учесниците да бидат оспособени самостојно и во тим да работат како видео сниматели.
             
Начин на одржување на часовите:
Курсот се реализира во текот на пет недели, два пати неделно по три училишни часа, од кои два часа предавања и презентирање а по еден час вежби.
Курсот се реализира во попладневните часови, секој  понеделник и вторник, од 18.30 до 21 часот, во просториите на Институт Концепт.