Курс за монтажер на слика и тон

ЦЕЛИ НА КУРСОТ

Главната цел на курсот е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за монтажер на слика и тон во телевизиски куќи и продукции. За време на предавањата опсежно ќе биде елабориран процесот на монтирање на видео, слика и тон, како и процесот на обработка на видео и аудио материјали, едукација во областа на монтирањето и добивање сертификати за работа како видео монтажер. 
Детално ќе бидат образложени и совладани чекорите и процесите на подготвување на видео прилог за телевизиско емитување (прилог за вести, прилог за во емисија, телевизиски реклами и телевизиски спотови) и за изработка на видео материјал за на интернет, во комплетно опремена училница за монтирање (компјутери за монтирање, видео камера како и телевизор за прегледување на готовите прилози).

ОБЛАСТИ КОИ ЌЕ БИДАТ ПОКРИЕНИ НА ПРЕДАВАЊАТА: 
 
1.    Основни поими и  карактеристики на монтажа на слика и тон и запознавање со програмот Sony Vegas
-    креирање на проект и внесување на медиа фајлови (слика и тон) во проектот и временската линија
-    разликување видови на алатки и користење на истите
-    објаснување снимање на видео
-    управувњеа со медиа фајловите(слика и тон)

2.    Основни техники на монтирање на слика и тон
-    објаснување на селектирање и додавање на ефекти
-    поставување на премини на слика
-    поставување на маркери и региони на временската линија

3.     Работа со генерирани медиуми
-    знае како да ги пронајде генерираните медиуми (титл, колор позадини)
-    објаснува и користи титл
-    користи позадини и слики во монтирањето

4.    Работа со аудио
-    објаснување на снимање на аудио
-    монтирање аудио фајлови
-    аудио ефекти и нивно користење

5.    Употреба на видео ефекти
-    користење видео ефекти и претопи
-    монтирање на делови со додавање на видео позадини
-    добивање на филмски изглед на видеото
-    корекција на боја

6.    Практична настава
-    изработка на видео прилог за телевизија
-    израбитка на видео материјал за емисии
-    изработка на видео материјал за на интернет

КУРСОТ Е НАМЕНЕТ ЗА:
          
Почетници кои планираат да се занимаваат во видео монтажа, а исто така и за лица кои професионално или полупрофесионално се занимаваат со оваа професија. Крајната цел е учесниците да бидат оспособени самостојно и во тим да работат како видео монтажери.

Начин на одржување на часовите:
Курсот се реализира во текот на пет недели, два пати неделно по три училишни часа, од кои два часа предавања и презентирање а по еден час вежби.
Курсот се реализира во попладневните часови, секоја среда и четврток, од 18.30 до 21 часот, во просториите на Институт Концепт.