Модул за Деловен Асистент - Клучни знаења и вештини за ефективен деловен асистент

Администраторот, како што уште се нарекува деловен асистент, има различна улога споредено од една до друга компанија, меѓутоа постојат неколку основни вештини кои мора да ги поседува со цел успешно да одговори на работните обврски. Во денешно време од администраторот се очекува да извршува постојано повеќе работни активности истовремено, што од него бара силно чувство за организираност. Во последно време, можеби најмногу се очекува да придонесе кон финансиското одделение. Во една современа компанија администраторот се повеќе добива улога на финансиски асистент или лице за контакт на надворешното или внатрешното сметководствено одделение.

Поради важноста која ја има деловниот асистент за работењето на едно претпријатие, без разлика на неговата големина, Институтот за бизнис образование КОНЦЕПТ креираше модул за деловен асистент, кој е за прв пат презентиран во Македонија. За време на часовите ќе се запознаете со неколку сегменти односно: финансии, обврски од област на човечки ресурси, општи и правни работи, канцелариско и архивско работење, како и деловна етика и организација на работното место.

Овој модул е корисен за добивање на:

Начин на одржување на часовите:

Обуката ќе содржи 21 училишен час (од 45 минути): доаѓање два пати во неделата, еднаш во работен ден почнувајќи од 17 часот се до 20 часот (со една кафе пауза) и еднаш за време на викенд со времетраење од 10 часот до 16 часот (со две кафе паузи и пауза за ручек). 

Области кои се покриени на предавањата:

  1. Деловна етика, работно место 
    - Почитување и примена на начелата за деловна и службена тајна
    - Комуникација со клиенти и вработени
    - Подготовка за состаноци, промоција, презентација и службени патувања
    - Планирање и изговување на распоред на работни активности
    - Деловна етика
    - Организација на работен простор
  2. Финансии 
    - Размена на информации со книговодство
    - Запознавање со клучни сметководствени термини
    - Познавање на финансиските извештаи
    - Водење на сметководствена евиденција со користење на Ексел
    - Пратење на рокови за финансиски обврски
    - Изготвување на основни финансиски документи 
    - Водење на Книги на влезни/излезни фактури
    - Водење на благајна
  3. Договори за вработување – М1/М2 
    - Договор за вработување (основни елементи, форма, содржина, склучување, измени и престанување на важност на договор)
    - Објавување на оглас за ново вработување
    - Раскинување договор за работа
    - Пријавување во задолжително социјално осигурување (М1)
    - Одјавување од задолжително социјално осигурување (М2)
  4. Општи и правни работи
    - Изработување на договори (елементи на договори)
    - Решение за годишен одмор; Користење на годишен одмор (услови)
    - Дописи, известувања, одлуки (форма и елементи)
  5. Канцелариско и архивско работење 
    - Предмет, цел и содржина на закон за архивски материјал
    - Цели и принципи на канцелариско и архивско работење
    - Примање и издавање на документи
    - Запознавање со упатството за канцелариско и архивско работење
    - План на архивски знаци/листа на архивски материјал
    - Листа на документарен материјал со рокови за негово чување
    - Водење на деловодник

Модулот е наменет за почетници во административната работа, студенти, вработени лица на позиција деловен асистент, администратор, офис менаџер, секретар/ка, како и лица кои имаат допирна точка со административното работење, активно го практикуваат на базична основа и сакаат ВИСТИНСКИ ДА ГО НАУЧАТ!