Модул за Финансиски Менаџмент

Цели на  обуката:

Финансискиот менаџмент е од витално значење за секоја компанија, особено за оние кои имаат цел подобрување на профитабилноста, ликвидноста и солвентноста. Целта на обуката е сеопфатна едукација на менаџерите за финансискиот менаџмент, неговиот јазик, алатки и техники, со цел стекнување знаења, вештини и компетенции за нивно ефективно користење во работењето.  

Обуката е организирана во три модули, при што во првиот модул се даваат основите на финансискиот менаџмент и истата е наменета и за финансиски и не-финансиски менаџери. Вториот модул е продолжение на првиот модул и нуди средно ниво на знаења од областа на финансискиот менаџмент преку обработка на поголем број на области и теми, на ниво на додипломски студии на економските факултети. Третиот модул нуди напредни теми од областа на финансискиот менаџмент и обработка на специјални случаеви и анализа на најдобрите практики од оваа област, на ниво на напредни курсеви од областа на корпоративните финансии. Обуката се реализира со користење на алатките на Microsoft Excel. За секоја тема се предвидени вкупно по три часа (два часа предавања и еден час практични вежби).

Агенда:

На обуката за Финансиски менаџмент – модул 1 ќе бидат опфатени следните теми:
1. Основи на финансискиот менаџмент
-    Цели и функции на финансискиот менаџмент
-    Претпријатието, капиталот и финансискиот менаџмент
-    Претпријатието и капиталот
-    Вложување, трошење и циркулација на средства
2. Финансиски извештаи 
-    Елементи на финансиските извештаи
-    Биланс на состојба
-    Биланс на успех
-    Извештај за акумулирана добивка
-    Извештај за готовинските текови 
o    Готовински текови од оперативни активности
o    Готовински текови од инвестициони активности
o    Готовински текови од финансиски активности
-    Данокот и цената на туѓиот капитал
3. Финансиска анализа
-    Анализа на финансиски показатели 
o    Показатели на ликвидноста
o    Показатели на активноста
o    Показатели на задолженоста или показатели на левериџот
o    Показатели на покритието
o    Показатели на профитабилноста
o    Показатели на пазарната вредност
o    Анализа на трендот
o    Дипон (Du Pont) анализа
o    Компаративни показатели
o    Корисност и ограничувања на рацио-анализата
4. Финансиско планирање
-    Предвидување (планирање) на продажбата
-    Планирани (Про Форма) финансиски извештаи – Метод процент на продажба
-    Анализа на планирањето
-    Планирање на капацитет
-    Процес на финансиско планирање
-    Видови  и структура  на  поединечните  планови
5. Временска вредност на парите
-    Концепт на идна вредност
-    Период на вкаматување
-    Идна вредност на ануитет
-    Концепт на сегашна вредност
-    Сегашна вредност на серија различни и еднакви идни вредности
-    Пресметка на сегашна вредност на непрекинати парични текови 
-    Пресметка на депозити
-    Амортизација на заеми
-    Пресметка на стапката на растеж и на каматната стапка

На обуката за Финансиски менаџмент – модул 2 ќе бидат опфатени следните теми:
1.    Финансиска контрола - буџетирање и левериџ

-    Анализа на оперативна преломна точка
o    Графикон на преломот
o    Пресметка на преломната точка
o    Готовинска оперативна преломна точка
o    Употреба на анализата на оперативната преломна точка
-    Оперативен левериџ
-    Финансиска преломна анализа
-    Графикон на преломот
-    Пресметка на преломот
-    Финансиски левериџ
-    Комбиниран оперативен и финансики левериџ
-    Употреба на левериџот и планирањето во контролата
2.    Ризик и принос
-    Ризици и стапки на принос - Дефинирање и мерење на ризикот
o    Дистрибуција на веројатноста
o    Мерење на ризикот
o    Очекувана стапка на принос
o    Континуирани и дискретни дистрибуции на веројатноста
o    Стандардна девијација 
o    Информации содржани во стандардната девијација
o    Просек на варијанса
o    Коефициент на варијација
-    Поимно дефинирање на портфолио
-    Ризик на портфолио
-    Коваријанса на приносите
-    Очекуван принос на портфолиото
-    Модел на карактеристичен правец
o    Системски ризик мерен со бета
-    Модел за одредување на цената на вложениот капитал –CAPM
-    Пазарна линија на хартија од вредност
-    Импликации врз вреднувањето на претпријатијата
3.    Вреднување на хартии од вредност
-    Вреднување на обврзници
o    Стапка на принос до достасувањето  (YTM) 
-    Вреднување на акции
o    Вреднување на приоритетни акции
o    Вреднување на обични акции
4.    Планирање на долгорочни вложувања (капитално буџетирање)
-    Карактеристики на инвестиционото одлучување
-    Постапка за планирање на долгорочните вложувања 
-    Kлучни компоненти на процесот на инвестиционо одлучување
o    Должина на периодот на експлоатација
o    Цена на капиталот наменет за вложување
o    Содржина на финансиските ефекти
o    Kомпоненти на готовинските текови на инвестицијата
5.    Kритериуми за оценка на финансиската ефикасност на инвестиционите вложувања  
-    Инвестициони критериуми кои не се базирани врз
-    концептот на временска вредност на парите
o    Период на враќање на инвестицијата
o    Просечна стапка на принос на инвестициите
-    Инвестициони критериуми  кои се  базирани  врз концептот на временска вредност на парите
o    Метода на нето сегашна вредност
o    Методот на индекс на профитабилноста.
-    Метод на интерна стапка на рентабилност 
-    Ризикот и менаџерските опции за оценка на 
-    исплатливоста на инвестицијата
o    Вкупен ризик на проектот
o    Метод на компјутерска симулација
o    Менаџерски опции
6.    Долгорочно финансирање
-    Пазар на капитал
o    Функции на пазарот на капитал
o    Учесници на пазарот на капитал
o    Организација на пазарот на капитал и долгорочни
-    хартии од вредност
-    Пазар на долгорочни хартии од вредност
o    Улогата на инвестиционите банки на примарниот  пазар на капитал
o    Привилегиран упис
o    Вредност на правото на акција
o    Почетно финансирање
-    Долгорочни обврски 
o    Термински заеми
o    Лизинг
o    Долгорочни обврзници
o    Преференцијални акции (приоритетни)
o    Обични акции
-    Конвертибилни хартии од вредност
-    Опции 
o    Опции за акции
-    Варанти 
7.  Менаџмент со обртен капитал
-    Трансформација на обртниот капитал и циклуси на конверзија
-    Менаџмент на готови пари и пазарни хартии од вредност
-    Кредитен менаџмент и управување со побарувањата
-    Стандарди за кредитирање и политика на наплата на побарувањата 
-    Менаџмент на залихи
8.    Краткорочно финансирање
-    Извори на краткорочно финансирање
o    Спонтано финансирање
o    Обврски према добавувачите (Трговски кредит)
o    Договорно финансирање
o    Факторинг
9.    Трошок на капиталот
-    Општ трошок на капитал
-    Трошок на долгот
-    Трошок на приоритетни акции 
-    Трошок на сопственички капитал (главница)
-    Модел на дисконтирање на дивиденди 
-    Пристап со моделот на одредување на цената на вложениот капитал (CAPM)
-    Пондериран просечен трошок на капитал
-    Ограничувања на WACC моделот

На обуката за Финансиски менаџмент – модул 3 ќе бидат опфатени следните теми:
1.    Трошок на капиталот

-    Одредување на безризична стапка
-    Трошок на долгот
-    Трошок на приоритетни акции 
-    Трошок на сопственички капитал (главница)
-    Пристап со моделот на одредување на цената на вложениот капитал (CAPM)
-    WACC модел
2.    Вреднување на хартии од вредност
-    Вреднување со модел на дисконтирани готовиснки текови
o    Дисконтирани слкободни готовински тековиСтапка на принос до достасувањето  (YTM) 
-    Релативно вреднување
3.    Структура на капитал
-    Теоретски разгледувања за важноста на структурата на капиталот
-    Трошоци на банкротството 
-    Менаџмент на структурата на капиталот
4.    Политика на дивиденди
-    Пасивна во однос на активна политика на дивиденди
o    Неважност на дивидендите
o    Аргументи за важноста на дивидендите
-    Политика на дивиденда
-    Дивиденди во акции и поделба на акциите
-    Откуп на акции 
-    Исплата на дивиденди
5.    Спојувања и други начини на реструктуирања на претпријатија
-    Извори на вредноста
-    Стратешко купување
-    Преземања, лицитациски понуди и одбрани
-    Дивестирање
-    Реструктуирање на сопственоста
6.    Меѓународен финансиски менаџмент
-    Оценка на исплативоста на вложувањата и фактори на ризик
-    Менаџмент со курсните ризици
o    Фактори кои влијаат на движењето на курсевите
o    Специјални теми од областа на финансискиот менаџмент

Обуката е наменета за:

•    Повисокиот и средниот менаџмент на компаниите;
•    Финансиските директори и вработени во секторот финансии во бизнис секторот, јавната администрација и јавните претпријатија;
•    Вработени во секторот сметководство во бизнис секторот, јавната администрација и јавните претпријатија;
•    Претприемачите;
•    Финансиските аналитичари;
•    Бизнис стратези;
•    Финансиски консулатнти;
•    Специјалисти во секторот за интерна контрола и ревизија;
•    Проект менаџери;
•    Контролни и сметководствени аналитичари;
•    Дипломирани на факултети за економија, бизнис администрација, информатика;
•    Студенти на последипломски студии за економија, бизнис администрација, информатика.