ФИСКАЛНИ ДАВАЧКИ ВО РМ – ДАНОК НА ДОБИВКА

Цели на обуката:

Обуката се организира со цел обработка на специфичности од областа на фискалната политика во Република Македонија. Истата е насочена кон разрешување на одредени прашања и дилеми за правилно донесување на одлуки во врска со даночната политика кај правните субјекти даночни обврзници и оние кои се потенцијални даночни обврзници, како и кај физичките лица.

Агенда:

1. Даночен обврзник, даночна основа и стапка
•    Даночно непризнати расходи (дб – за оданочување на даночно непризнати расходи)
2. Задржување на данок на приход платен на странски правни лица
•    Избегнување на двојно оданочување на добивката (дд-и)
3. Поедноставен даночен режим за трговските друштва (дб-вп)
•    Трговски друштва кои се ослободени од плаќање годишен данок на вкупен приход
4. Измени во законот за данок од добивка
•    Даночен третман на побарувањата по парични заеми  за 2014 година
•    Даночен третман при исплата на дивиденда за домашни правни лица

Обуката е наменета за:

Широк спектар на корисници (сметководители и други заинтересирани лица, трговски друштва, јавни претпријатија, трговци поединци и други деловни субјекти).