НОВИНИ ВО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА КАЈ ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ

Цели на обуката:

Обуката се организира со цел обработка на специфичности од областа на фискалната политика во Република Македонија. Истата е насочена кон разрешување на одредени прашања и дилеми за правилно донесување на одлуки во врска со даночната политика кај правните субјекти даночни обврзници и оние кои се потенцијални даночни обврзници.

Агенда:

1.    Даночна основа за отстапување на привремен агенциски вработен
2.    Пренесување на даночна обврска 
•    Даночен должник во новиот режим на оданочување (,,reverse charge,,)
•    Фактурирање и евиденција (промет на градежни услуги, промет на отпадни матерјали)
3.    Одлука за определување нa добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна нa друг даночен обврзник 
•    Добра и услуги за кои даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна     на друг даночен обврзник
4.    Правилник за формата и содржината на извештајот за извршените промети на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен прометот
•    Пријавување на прометот во извештите кон ддв пријавата
5.    Нова даночна пријава ддв-04
•    Нов формат, содржина и нови полиња во ддв пријавата

Обуката е наменета за:

Поголем број на корисници (сметководители, вработени и невработени лица, резиденти и нерезиденти и други заинтересирани лица од трговски друштва, јавни претпријатија, трговци поединци и други активни деловни субјекти).