ДАНОК НА ЗАДРШКА ВО РМ И ДРУГИ СПЕЦИФИЧНИ АСПЕКТИ НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА – ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ И ОБЈАСНУВАЊА ПРЕКУ КОНКРЕТНИ ПРИМЕРИ И СИМУЛИРАНИ НАСТАНИ

Цели на обуката:

Обуката се организира со цел обработка на специфичности од областа на фискалната политика во Република Македонија. Истата е насочена кон разрешување на одредени прашања и дилеми за правилно донесување на одлуки во врска со даночната политика кај правните субјекти даночни обврзници и оние кои се потенцијални даночни обврзници. 

Данокот на задршка е регулиран во Законот за данок на добивка. Данокот на задршка се однесува на меѓународни трансакции кои се се почести со зголемената глобализација и меѓуграничната размена. Како да препознаеме кога и дали треба да пресметаме или нам да ни пресметаат данок на задршка? Како да избегнеме ситуација да не бидеме двојно оданочени? Со цел да не се наметнува ист или истовиден данок на ист даночен обврзник за еден ист временски период и на иста даночна основа, земјите би требало да бидат прецизни и јасни во своите законски решенија за тоа што ќе биде предмет на оданочување кај нив.

Агенда:

•    Кога сме соочени со данокот на задршка, како да го препознаеме 
•    Основни насоки и инструкции како да постапиме кога сме соочени со данокот на задршка
•    Како да се заштитиме од двојно оданочување
•    Што предвидува законската рамка и како таа го регулира ова прашање
•    Кои постапки од нас ги очекува ујп во поглед на данокот на задршка
•    Како да ги разбереме договорите за избегнување на двојното оданочување 
•    Како да го оствариме правото на даночните намалувања / изземања согласно договорите за избегнување на двојното оданочување
•    Практична примена на данокот на задршка низ конкретни примери и официјалниот став на УЈП во поглед на секое прашање

Обуката е наменета за:

Широк спектар на корисници (сметководители и други заинтересирани лица, трговски друштва, јавни претпријатија, трговци поединци и други деловни субјекти).