“ВОВЕД ВО ЕКОНОМЕТРИЈА: ПРЕМИН ОД ТЕОРЕТСКО НА ЕМПИРИСКО НИВO НА АНАЛИЗА НА ЕКОНОМСКИТЕ ПОЈАВИ

Цели на обуката:

Запознавањето на економетријата ќе ви овозможи да му дадете емпириска форма на вашето теоретско знаење за економијата преку тестирање на теории, предвидување и евалуација на политики на компанијата/институцијата во којашто работите. Економетријата ќе ви овозможи обединување на вашето знаење од економија, математика и статистика во функција на спроведување на емпириска анализа на актуелни економски прашања значајни за носење на инвестициски/макроекономски одлуки во вашата компанија/институција. 

Оваа обука ќе ве воведе во користење на регресиска анализа со цел квантитативна оценка на економски релации коишто претходно сте ги разгледувале само од теоретски аспект и сте носеле одлуки врз основа на нетестирани хипотези. Обуката ќе ви овозможи преку емпириска анализа на расположливите податоци да го квантифицирате ефектот на активностите на вашите клиенти (домаќинства, компании и/или држава), што може да претставува добра информациска основа за предвидување на идните настани и носење на соодветни инвестициски/макроекономски одлуки.

Со обуката е предвидено да бидете воведени во основните поставки на регресиската анализа, дијагностичкото тестирање и специфицирањето на модел, придружени со емпириска анализа на значајни економски концепти.  

Агенда:

1.    Што е економетрија
2.    Регресиска анализа
3.    Метод на најмали квадрати
4.    Претпоставки на класичен линеарен регресиски модел
5.    Тестирање на хипотези
6.    Дијагностичко тестирање: мултиколинеарност, хетероскедастичност и автокорелација
7.    Специфицирање на модел
Емпириска анализа во софтверскиот пакет Eviews: практични примери за секоја од опфатените теми

Обуката е наменета за:

За сите лица од финансиски сектор (банки, осигурителни компании, пензиски фондови, брокерски друштва и останати финансиски институции), нефинансиски сектор и јавен сектор кои се или планираат да бидат вклучени во изготвување на емпириски анализи/истражувања врз основа на кои се носат значајни инвестициски или макроекономски одлуки или се остварува едукација во компанијата/институцијата во која работат. Учесниците е потребно да имаат познавања од областа на економија, математика и статистика.