ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА (BREAK-EVEN И ЛЕВЕРИЏ АНАЛИЗА) И ФИНАНСИСКО БУЏЕТИРАЊЕ СО КОРИСТЕЊЕ НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ АЛАТКИ

Цели на обуката:

Системот на финансиското планирање и контрола го користат финансиските менаџери кога го имплементираат предвидувањето. Тој систем опфаќа анализа на односот помеѓу обемот на продажбата и профитабилноста под различни оперативни услови. Овој однос се користи од страна на менаџерите за да ги планираат промените на обемот на активностите на компаниите, потребите од финансирање и профитабилноста. Финансиската контрола е предуслов за остварувањето на плановите, како и нивната модификација, со цел усогласување и остварување на плановите и во изменетите услови на работењето. 

Функциите планирање и контрола се важни заради неколку причини. Прво, доколку проектираните оперативни резултати се незадоволителни, менаџментот може да се врати на почеток на планирањето, да ги  преформулира плановите и да развие пореални таргети за следната година. Второ, можно е во пракса потребните дополнителни фондови-извори да не можат да се обезбедат. Доколку е така, подобро е уште на почеток да се намалат планираните активности, отколку подоцна започнатите активности да мораат да се прекинат заради недостаток на пари. Трето, дури и кога потребните фондови можат да се обезбедат, пожелно е да се направи план на набавките однапред. Конечно, секое отстапување од проекциите-плановите треба да биде земено во предвид за подобрување на идното планирање и предвидување на операциите на компанијата. 

Оваа обука обезбедува рамка за разбирање на процесот на финансиската контрола и буџетирањето, со користење на напредни Ексел алатки – во функција на создавање на информациски систем за финансиско предвидување, планирање и контрола.  

Преку оваа еднодневна обука - работилница ќе дознаете како да ги изготвите анализите на BREAK-EVEN (прагот на рентабилноста), анализа на левериџот и користењето на напредни статистички алатки (линеарна интерполација и регресиона анализа) за детерминирање на планските претпоставки за финансиските планови и како истите да ги разберете на начин кој ќе ви помогне во донесувањето на вистински деловни одлуки.

ЦЕЛИ:
•    Анализа на оперативно-деловната успешност од работењето преку BREAK-EVEN и ЛЕВЕРИЏ и нивна примена во процесот на финансиско предвидување и планирање;
•    Пресметка на оперативните и парични преломни точки со цел остварување на планираниот таргет на оперативната добивка;
•    Користење на Ексел за пресметка на степен на оперативен, финансиски и комбиниран левериџ (DOL, DFL DCL);
•    Разбирање на тоа како DOL, DFL и DCL се менуваат со промена во обемот на продажбата;
•    Запознавање на напредни статистички алатки од Ексел (линеарна интерполација и регресија).

Агенда:

•    Финансиска контрола - буџетирање и левериџ и пресметка на оперативна и финансиска преломна точка
•    Оперативен левериџ
•    Финансиски левериџ
•    Комбиниран левериџ
•    Практична работа – изготвување на софтвер во ексел за break-even анализа 
•    Практична работа – изготвување на софтвер во ексел за анализа на левериџот 
•    Практична работа – изготвување на софтвер во ексел за предвидување на продажбата и трошоците на компанијата

Обуката-работилница е наменета за:

Менаџери, управители, лица од областа на финансиското работење, сметководството, финансиското известување, лица кои имаат потреба да ги препознаваат информациите и пораките кои се носат во нивните финансиски извештаи, вработени во банки и други финансиски институции. Истата особено е корисна за менаџерските позиции управителите и лицата кои се директно вклучени во процесот на донесување деловни одлуки во претпријатијата.