ФИСКАЛНИ ДАВАЧКИ ВО РМ – ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

Цели на обуката:

Обуката се организира со цел обработка на специфичности од областа на фискалната политика во Република Македонија. Истата е насочена кон разрешување на одредени прашања и дилеми за правилно донесување на одлуки во врска со даночната политика кај правните субјекти даночни обврзници и оние кои се потенцијални даночни обврзници, како и кај физичките лица.

Агенда:

1.    Даночен обврзник, даночна основа и стапка

2.    Утврдување на одделни видови на приходи
•    Лични приходи
•    Приходи од самостојна дејност
•    Приход од имот и имотни права
•    Приходи од авторски права и права од индустриска сопственост
•    Приходи од капитал и капитални добивки
•    Добивки од игри на среќа и други наградни игри
•    Други приходи

3.    Утврдување, пресметка и наплата на пдд (пдд-ги и пдд-гдп)

Обуката е наменета за:

Широк спектар на корисници (сметководители и други заинтересирани лица, трговски друштва, јавни претпријатија, трговци поединци и други деловни субјекти).