НАЧИН НА ВРШЕЊЕ НА ПЛАТЕН ПРОМЕТ СО СТРАНСТВО – ТЕКОВНИ И КАПИТАЛНИ ТРАНСАКЦИИ И НИВНА РЕАЛИЗАЦИЈА

Цели на обуката:

Резидентните компании кои се вклучени во меѓународната трговија, склучуваат договори со странски партнери и учествуваат во платниот промет со странство имаат обврски пред деловните банки и пред државата во процесот на реализација на трансакциите од платниот промет со странство. Со обуката се појаснуваат обврските кои произлегуваат за компаниите пред деловните банки за презентирање на документи за утврдување на основот и обврската за наплатата од странство, односно за плаќањата во странство. Посебно внимание се посветува на обврската за компаниите пред државата за пријава и регистрација на своите капитални трансакции во надлежните институции и тоа: пријава на кредитните работи помеѓу резиденти и нерезиденти и позајмиците во Народна Банка на РМ, пријава на вложувањата во странство и/или во земјата со третман на директна инвестиција во Регистарот на директни инвестиции при Централниот регистар на РМ, пријава на вложувањата во недвижности во земјата и/или странство во Регистарот за недвижности при Централниот регистар на РМ и пријава на тргувањето со хартии од вредност во Комисијата за тргување со хартии од вредност. 

Исто така цел на обуката е да се информираат компаниите за случаите на кој начин може да отворат и имаат сметка во странски банки и како да работат со истата, како и да се информираат за начинот на вршење на трансакции со дипломатските, конзуларните и другите  претставништва на РМ во странство.

Дополнително со обуката ќе се информираат компаниите за обврските кои ги имаат кон државата врз основа на одредбите од Законот за спречување перење пари, за дополнителната идентификација на нивните партнери за сите безготовински трансфери и потребата од обезбедување на документи и информации за трансакциите во и од земјите од ризичен карактер.

Агенда:

•    правна рамка: закони и подзаконски акти
•    резиденти и нерезиденти, трансакции и трансфери
•    начин на вршење на платен промет со странство 
•    тековни трансакции
•    капитални трансакции
•    директни инвестиции
•    вложување во недвижности
•    хартии од вредност
•    кредитни работи
•    депозитни работи
•    готовински наплати и плаќања
•    спречување перење пари
•    компјутерски криминал
  
Обуката е наменета за:

Обуката е наменета за резидентните компании и нивните вработени кои се вклучени во меѓународната трговија, процесот на склучување и реализација на договори со странски партнери, и кои учествуваат во платниот промет со странство со потенцирање на нивната обврска кон законодавецот, државата и кон деловните банки.

Исто така, оваа обуката е наменета за компаниите кои тргуваат и склучуваат договори со странски партнери кои потекнуваат од земјите со ризичен карактер и нивните обврски кои произлегуваат при вршење на трансакции со партнери од земјите на кои се врши засилен мониторинг на трансакциите, како и се почестата појава на компјутерски криминал и упаѓање во е-маил комуникациите се со цел оштетување на двете инволвирани страни.