ПОДГОТВУВАЊЕ НА КЕШ БУЏЕТ (Cash Budget) СО НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ АЛАТКИ

Цели на обуката:

Кеш Буџет може едноставно да се објасни како документ кој претставува листинг на антиципирани готовински приливи и одливи на компанијата за одреден период. Станува збор за еден од најкомплексните документи со многу меѓусебно поврзани делови и целини. 
Изработката и апдејтирањето на кеш буџетот за големите фирми не е алтернатива, туку базична потреба. За разлика од Планскиот Биланс на Успех, Кеш Буџетот опфаќа само актуелни парични текови. 

Целта на обуката е да се креира комплетен Кеш Буџет, со трите дела (работна платформа, листинг на сите готовински приливи и одливи и калкулација на крајниот кеш баланс и детерминирање на потребата за позајмување на средства-задолжување). 

Оваа обука обезбедува рамка за разбирање на процесот на финансиската контрола и буџетирањето, со користење на напредни Ексел алатки – во функција на создавање на информациски систем за финансиско предвидување, планирање и контрола.  

Преку оваа еднодневна обука - работилница ќе дознаете како да го изготвите Кеш Буџетот за детерминирање на планските претпоставки за финансиските планови и како истите да ги разберете на начин кој ќе ви помогне во донесувањето на вистински деловни одлуки.

ЦЕЛИ:

Слушателите на обуката да се стекнат со следните знаења и вештини:
•    Да ја знаат намената на кеш буџетот;
•    Да ги пресметуваат очекуваните готовински наплати и исплати за одреден месец;
•    Да го пресметаат крајниот кеш баланс и потребите за краткорочно задолжување на фирмата;
•    Да го користат Екселот за детерминирање на оптималниот тајминг за главните готовински расходи;
•    Да користат Сценарио Менаџер за евалуација на различните претпоставки на моделот;
•    Користење на алатки во Ексел за проверка и корекција на грешките во формулите.


Агенда:

•    Практична работа – изработка на работна платформа
•    Практична работа - наплата, исплата
•    Практична работа - пресметка на крајниот кеш баланс
•    Практична работа - употреба на кеш буџетот за утврдување на тајмингот на големи расходи
•    Практична работа - сценарио менаџер
•    Практична работа - пресметка на тековната задолженост
•    Практична работа - користење на алатки за ревизија на формулите во ексел за избегнување на грешки
•    Практична работа - калкулација  на тековното инвестирање

Обуката-работилница е наменета за:

Менаџери, управители, лица од областа на финансиското работење, сметководството, финансиското известување, лица кои имаат потреба да ги препознаваат информациите и пораките кои се носат во нивните финансиски извештаи, вработени во банки и други финансиски институции. Истата особено е корисна за менаџерските позиции управителите и лицата кои се директно вклучени во процесот на донесување деловни одлуки во претпријатијата.