СОВРЕМЕНИОТ СМЕТКОВОДСТВЕН СИСТЕМ ЗНАЧАЕН ОСНОВ ЗА СОВРЕМЕНОТО КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ

Цели на обуката:

Обуката се организира со цел обработка на специфичности од областа на сметководството и финансиското известување. Истата е насочена кон разрешување на одредени прашања и дилеми за правилно донесување на одлуки во функција на корпоративното управување  кај правните ентитети. 

Агенда:

1.    Финансиското известување и менаџерите

2.    Современ сметководствен систем
-    промени во деловното опкружување и промени и новата улога на менаџментот на компаниите

3.    Унапредување на сметководствениот систем
3.1.    можни унапредувања во областа на финансиското сметководство и известувањето
3.2.    можни унапредувања во областа на сметководството на трошоци и управувачкото сметководство
3.3.    сметководствено информациониот систем и интегрираното известуве

4.    Карактеристики и ограничувања на квалитетот на финансиските извештаи
4.1.    квалитативни карактеристики на финансиското известување
-    разбирливост, релевантност, веродостојност, споредливост
4.2.    ограничувања за квалитативни карактеристики на финансиските извештаи
-    благовременост,  рамнотежа помеѓу користа и трошоците, рамнотежа помеѓу квалитативни карактеристики на информациите, вистинит и фер приказ/фер презентација

5.    Елементи на финансиските извештаи
-    финансиска состојба, средства, обврски, капитал, перформанси, приходи и расходи, корекции заради одржување на капиталот

6.    Признавање на елементите на финансиското известување
-    веројатна идна економска корист, веродостојност во мерењето, признавање на средствата, обврските, приходите и расходите

7.    Основи за вреднување на финансиските извештаи
7.1.    основи за признавање и вреднување на елементите на финансиските извештаи,  и потребата од информации на корисниците на тие извештаи,  односи на концептот на историски трошок и концептот на фер вредност према барањата на корисниците на финансиските извештаи
7.2.    концепт на историски трошок и негови карактеристики, концепт на фер вредност и негови карактеристики, сметководство на историски трошок и сметководство на фер вредност, нивни односи и постојан развој
7.3.    вреднување на финансиските инструменти
-    промена на економските услови на работењето во компаниите како основ за промена на основите на вреднувањето на финансиските инструменти

8.    Современо корпоративно управување
8.1.    промени на карактеристиките на современото корпоративно управување
8.2.    процесот на финансиско известување во современа корпоративна компанија
-    изработка и презентација на финансиските извештаи,ревизија на финансиските извештаи, употреба и корист од ревидираните финансиски извештаи
8.3.    потреба од стандардизирани финансиски извештаи
-    креирање на новата улога на системот на информирање,финансиските извештаи во функција за заштита на инвеститорите и потреба од комуникација, финансиското известување во концептот на корпоративното управување
8.4.    одлуките на менаџментот и инвеститорите
-    одлуките на менаџментот и политиката на компанијата, одлуките на менаџментот, пазарите и управувањето со средствата на компаниите (деловните цели на компаниите, финансиската анализа и одлуките на менаџментот  

Обуката е наменета за:

За поголем број на корисници: екстерни корисници (менаџментот) и интерните корисници (инвеститори, вработени, добавувачи и други заинтересирани лица), с,етководители, ревизори и сл.