ОДГОВОРНОСТА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ОРГАНИТЕ НА УПРАВУВАЊЕ И НАДЗОР НА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА, ПРАВНИОТ СТАТУС НА МЕНАЏЕРИТЕ, КОНЦЕПТОТ НА МЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОР

Цели на обуката:

Учесниците на обуката првенствено ќе се запознаат со клучните прашања и дилеми поврзани со одговорноста на членовите на органите на управување и надзор на трговските друштва.  Притоа,  посебен акцент ќе биде ставен на посебните видови одговорност на членовите на наведените органи. Во оваа насока ќе бидат презентирани и ќе биде направен осврт и на одредени случаи од праксата поврзани со предметната проблематика. На овој начин, слушателите ќе бидат во можност да се запознаат со споменатите компаниско-правни институти, како и да им се разјаснат извесни дилеми од праксата кои им се јавуваат во секојдневното работење. 

Агенда:

Обуката ќе ги опфати аспектите  на одговорноста на менаџерите, правејќи јасна дистинкција помеѓу различните видови на одговорност на органите на управување и надзор. Оттука неминовно се наметнува потребата да биде направена и јасна дистинкција помеѓу различните нивоа на менаџмент во друштвото, корелирано со видот и степенот на нивната одговорност и консеквенците кои би можеле да ги сносат. 
Во рамки на обуката ќе бидат разработени и сите значајни аспекти кои ја детерминираат пред се правната положба на менаџерите во друштвото, нотирајќи ги притоа сите специфики и дилеми кои досега се имаат појавено во праксата, при што ќе бидат предложени и конкретни насоки за нивно надминување. 
Во контекст на наведеното, во рамки на обуката, посебно внимание ќе биде посветено на менаџерските договори, при што ќе бидат обработени сите специфични прашања и дилеми, презентирајќи можни решенија за решавање на правниот статус на менаџерите во друштвото.

Обуката е наменета за:

Обуката првенствено е наменета за менаџерите од сите ешалони во компаниите, раководители на правни сектори и сектори за човечки ресурси на трговските друштва, лица вработени во посочените и други сектори и одделенија во трговските друштва, адвокати, како и за сите оние кои пројавуваат професионален интерес за предметната проблематика.