ТОЛКУВАЊЕ И ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО - МОБИНГ И ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Цели на обуката:

Обуката се организира со цел за поподробно запознавање со Законот за спречување и заштита од дискриминација, со кој се забранува секоја директна или индиректна дискриминација, повикување и поттикнување на дискриминација и помагање во дискриминаторско постапување врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група и друго; како и со Законот за заштита од вознемирување на работно место – мобинг.

Целта на овој Закон е спречување и заштита од психичко и полово вознемирување на работното место, односно местото на работа и обезбедување на здрава работна средина. Овој Закон се применува на работодавачите, вработените, кандидатите за вработување, како и на лица ангажирани со договори кои учествуваат во работата кај работодавачот.

Агенда:

1.    Обработка на општите одредби од Законот за заштита од вознемирување на работно место – мобинг (Сл.Весник на РМ бр.79/13 од 31.05.2013 година).
•    Поим – дефиниција за мобинг 
•    Предмет, содржина и цел на законот 
•    Опфат и примена на законот 
•    Видови на мобинг 
•    Место и време на вршење мобинг
•    Права, обврски и одговорности на работодавачот (од чл.10 до чл.13)
•    Права, обврски и одговорности на вработените (од чл.14 до чл.16)
•    Постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот (од чл.17 со чл.30) 
•    Судска заштита (од чл.31 до чл.34)
•    Инспекциски надзор, прекршочни одредби, преодни и завршни одредби.

2.    Спречување и заштита од дискриминација во остварувањето на правата загарантирани со Уставот на РМ, Закон и ратификуваните меѓународни договори во согласност со Законот за спречување и заштита од дискриминација (Сл.Весник на РМ бр.50/10 од 13.04.2010 година).
•    Основи на дискриминација
•    Облици на дискриминација (директна и индиректна дискриминација, виктимизација и друго)
•    Постапка за спречување и заштита од дискриминација пред Комисијата и
•    Судска заштита (надлежност, тужба, мерки на обезбедување и товар на докажување).

Обуката е наменета за:

За претставници од сите трговски друштва кои секојдневно се соочуваат со трудово-правната проблематика, правни сектори, сектори за човечки ресурси, менаџери.