НИШТОВНОСТ И РУШЛИВОСТ НА ДОГОВОРИ

НИШТОВНОСТ И РУШЛИВОСТ НА ДОГОВОРИ, КОРЕЛАЦИИ МЕЃУ СОПСТВЕНИЧКАТА ТУЖБА, ТУЖБАТА НА ПРЕТПОСТАВЕНИОТ СОПСТВЕНИК И ТУЖБАТА ЗА СМЕЌАВАЊЕ НА ВЛАДЕНИЕТО КАКО И СО ТУЖБИТЕ ЗА УПИС ВО КАТАСТАРОТ И РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ ПОРАДИ НЕИЗВРШУВАЊЕ И ТУЖБЕНИТЕ БАРАЊА ВО ТАКОВ СЛУЧАЈ

Цели на обуката:

Обуката се организира со цел за поподробно запознавање со правната проблематика на ништовност и рушливост на договорите, корелации меѓу сопственичката тужба, тужбата на претпоставениот сопственик, како и со тужби за упис во катастарот и раскинување на договорите, со оглед на недоразбирањата и недоволното познавање на законските прописи и судската практика во тие правни подрачја. На крајот ќе се води расправа и за прашања кои се од интерес на учесниците.

Агенда:

1.    Ништовност и рушливост на договори
•    Општо за неважноста на договорите: непостоечки, ништовни, рушливи и побојни договори;
•    Ништовни договори и начин на нивното побивање пред суд;        
•    Рушливи договори и начин на нивното побивање пред суд;
•    Побивање на должникови правни дејствија според Законот за облигационите односи (ЗОО) во случаи кога должникот е неспособен за исполнување на обврските;
•    Побивање на должникови правни дејствија според Законот за извршување (ЗИ) кога должникот е неспособен за исполнување на обврските;
•    Правни последици од ништовноста, односно побивањето на договорите;
•    Правни последици од продажба на туѓа ствар и воопшто од располагање со туѓа ствар.

2.    Корелации меѓу сопственичката тужба, тужбата на претпоставениот сопственик и тужбата за смеќавање на владението како и со тужбите за упис во катастарот
•    Сопственичка тужба за поврат на стварта (чл.156 од ЗДЗ): поим, содржина, тужбено барање, докази, процесни аспекти;
•    Тужна на претпоставениот сопственик (Публицијанска тужба) (чл.160 од ЗДЗ): поим, содржина, тужбено барање, докази, процесни аспекти;
•    Тужби во случај на нарушување на владението: кај одземање на владението, кај смеќавање на владението, содржина на тужбата и на решението на судот, докази, процесни аспекти;
•    Тужби во врска со уписите и бришење на уписите во катастарот на 
o    недвижностите и нивна корелација со сопственичките тужби.

3.    Раскинување на договорите поради неизвршување и тужбените барања во таков случај
•    Општи претпоставки (Чл.113 од ЗОО);
•    Кога исполнувањето во рокот е суштествена состојка на договорот (фиксни договори) (чл. 114 од ЗОО);
•    Кога исполнувањето во рокот не е суштествена состојка на договорот (чл. 115 од ЗОО);
•    Останати одредби за раскинување на договорот поради неисполнување (чл. 116-120 од ЗОО);
•    Дејство на раскинувањето (враќање на даденото, надоместување на штетата (чл. 121 од ЗОО);
•    Посебни случаи на надоместување на штетата во случај на раскинување на договорот за продажба: кога предметот има тековна цена (чл. 512 од ЗОО) или кога е извршена продажба или купувачка заради покритие (чл.513 од ЗОО);
•    Тужби и тужбени барања во случај на раскинувањето на договоритe поради неисполнување;
•    Три случаи во кои договорот може да се раскине со судска одлука (чл. 122-125, чл. 697, чл. 1033 од ЗОО).

Обуката е наменета за:

Правните застапници и советници: адвокати, вработени во адвокатски канцеларии, правници во корпорациите, и други лица кои се бават со правни дејности во овие области.