ПАРИЧНИ ПОБАРУВАЊЕ ПО СИТЕ ОСНОВИ ОД РАБОТЕН ОДНОС

Цели на обуката:

Обуката се организира со цел обработка на специфичностите од последните измени и дополнувања на Законот за работните односи на Република Македонија, посебно измените кои се однесуваат на парични побарување по сите основи од работен однос, како што се плата, надоместоци од плата и надомест на штета. На крај се води расправа и за прашања кои се од интерес на учесниците.

Агенда:

1.    Член 159 од Законот за работните односи – „Одговорност на работодавачот за обештетување“ – надомест на материјална и нематеријална штета  која работникот ја претрпел поради повреда на работа или во врска со работата,  надомест на штета поради незаконски престанок на работниот однос, незаконско распоредување, незаконска суспензија, неискористен годишен одмор и др.; Член  156 од ЗРО – „Одговорност на работниците за штетата“; Член 157 – „Паушално обештетување“ и Член 158 – „Намалување на обештетувањето и простување на плаќањето на обештетувањето“ (споредбено со Законот за државните службеници и Законот за јавните службеници);
2.    Член 10 од ЗРО – „Надомест на штета за дискриминација“; 
3.    Член 32 од Законот за заштита од вознемирување на работно место – надоместок на материјална и нематеријална штета;
4.    Судска зашти и практика;
5.    Член 195 од ЗРО – вид на плаќање (правната регулатива со која се уредуваат прашањата на платите и надоместоците на плати – закон,  колективни договори и договор за вработување);
6.    Член  106 од ЗРО - основна плата, работна успешност и додатоци (платата остварена со вложен труд);
7.    Член 107 од ЗРО - Минимална плата;
8.    Член 111 од ЗРО Задржување и порамнување на исплаќање на платата;
9.    Член 112  од ЗРО – Надоместок на плата;
10.    Судска заштита  и практика (спорови за плата, разлика во плата, испратнина, отпремнина, надоместоци на плата и др.).

Обуката е наменета за:

За претставници од сите трговски друштва кои секојдневно се соочуваат со трудово-правната проблематика, правни сектори, сектори за човечки ресурси, менаџери.